vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на жената. Сепак, промените на телото и нивното прифаќање можат да бидат непријатно искуство за секоја жена. Некои трудници уживаат во своето тело, додека на други тешко им паѓаат промените. Покрај тоа, напливот на хормони влијае на расположението и често доведува до промени во однесувањето.
Здрави животни навики
Движењето и физичката активност се многу важен сегмент од нашиот живот. Всушност не треба да заборавиме дека еволуциски сме предодредени да се движиме и да трчаме – да ги користиме своите екстремитети. Неопходно е своето тело адекватно и внимателно да го активираме, за што подолго да остане во функција и да го даде својот максимум.
Во бременоста е исто така потребна активност, а на тоа ве опоменува и малиот живот кој расте во вас и чии движења ќе ги почувствувате со тек на време. И плодот обожава да се движи. Докажано е дека уште од 20-та недела плодот прави едноставни движења како што се удирање со нозете, виткање, вртење. Од 32-та недела, со развојот на увото и центарот за слушање, плодот добива чувство за ориентација и баланс , па полека се наместува во материцата.
За да имате што поубава бременост, продолжете со спроведување на здрави животни навики, само прилагодете ги на фазите низ кои поминувате. Секако, физичката активност е една од нив, а значајно е и тоа што подоцна може да ви го олесни породувањето. Интересно е тоа штонекои жени дури во бременоста почнуваат да размислуваат за физичката активност, односно за вежбањето, бидејќи се плашат да не се здебелат премногу. Вашето тело сигурно ќе се промени, па макар и незначително, но дополнителните килограми не се доволно оправдана причина за да почнете да вежбате, ако тоа порано не сте го правеле.
Двојна одговорност
Доколку бременоста е здрава, без никакви компликации за кои е потребно мирување или соодветен третман, сигурно ќе можете да вежбате, но задолжително во консултација со вашиот лекар! Медицинските истражувања покажуваат дека жените кои се занимавале со одмерено, контролирано вежбање, полесно ја поднесуваат бременоста и побрзо се опоравуваат по породувањето.
Понекогаш лекарите заради претпазливост им забрануваат на некои трудници да вежбаат , заради страв дека оној кој го води тренингот не е доволно искусен, па може да се предизвикаат компликации со бременоста. Секако, подобро е да се спречи, отколку да се лечи.
Задолжително избегнувајте:
Драги трудници
Особено водете сметка каде и со кого тренирате, бидејќи не сте сами. Вашиот тренер мора да има искуство во вежбање со бремени жени, бидејќи пред него е двојна одговорност, како што е и пред вас.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...
Зошто бебињата се напрегаат и испуштаат звуци?
Грчењето, стенкањето и напрегањето кај бебињата често ги загрижуваат р...
Од играчки до чорапчиња, зошто бебето става сe во уста?
Од играчки и прсти до ќошиња од ќебенца за бебето устата е еден од нај...
Нередовниот циклус, зголемената влакнетост, акните и потешкотиите со з...
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...