vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Црниот бозел несомнено ги зазема првите позиции во листите за зајакнување на имунитетот. Често се користи како домашен лек при настинки и вируси. Од податоците на истражувањето станува јасно дека екстрактот од црниот бозел може да блокира грип вируси, но експертите објаснуваат дека се потребни дополнителни испитувања, кои ги докажуваат овие тврдења.
Печурките се исто така многу корисни за јакнење на имунитетот, бидејќи во нив се наоѓаат антиоксиданси и селен. Ниските нивоа на овој минерал се поврзуваат со зголемен ризик од вирусни инфекции и воспалителни процеси.
Витамините рибофлавин и ниацин, кои исто така се наоѓаат во печурките, се не помалку важни за одржување на здрав имунитет. Лабораториски студии утврдуваат дека печурки имаат антиинфламаторни, антибактериски и антиканцерогени својства.
Друга важна храна за имунитетот се остригите. Морските плодови се богати со цинк, кој има против вирусни својства, иако на специјалистите не им е познато на што точно се должат тие.
Ниските нивоа на цинк во организмот се поврзуваат со неплодност кај мажите. Цинкот има важна улога во однос на имунитетот, вклучувајќи го и лекувањето на рани.
Освен што делува освежувачки и го хидрира организмот во горештините, лубеницата содржи импресивна количина од антиоксидантот глутатион. За него се знае дека помага за зајакнување на имунолошкиот систем во борбата со инфекциите. Тој се наоѓа во црвениот месест дел во внатрешноста на лубеницата, во близина на нејзината кора.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, о...
Одмор покрај езеро може да биде прекрасна можност семејството да побег...
Моето тело знае како да го поддржи моето бебе
Бременоста е период во кој телото прави неверојатни промени. Од првите...
Смири го умот, поврзи се со бебето
Бременоста е период исполнет со убави очекувања, но и со многу прашања...
Знаци и симптоми на спонтан абортус
Спонтаниот абортус е губење на бременоста пред фетусот да може да преж...