Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Студијата која се занимавала со ова истражување се фокусирала на ефектот на пеницилинот, кој е најчесто користен антибиотик, но се верува дека и останатите имаат еднаков ефект. Најголем проблем кај земањето антибиотици е тоа што покрај уништувањето на лошите бактерии, антибиотиците ги уништуваат и добрите бактерии во цревата.
Ова истражување го спроведил Мартин Бласер од Универзитетот во Њујорк, а за тестирање се користени глувци. Паралелно со тестирањето се водело и испитување и следен е развојот на малите бебиња. Бласер дошол до заклучок дека бебињата кои до шестиот месец од животот добивале антибиотици се под поголем ризик да станат дебели во првите седум години од животот. Тој верува дека причината за тоа лежи всушност во уништувањето на добрите бактерии кои во цревата на бебињата се појавуваат меѓу шестиот месец и третата година од животот.
Во човечкиот организам отприлика има преку 100 трилиони бактерии, а како што веќе научивме во изминатите години, составен дел на здравиот живот се здравите микроби. Бласеровата студија спроведена на експериментални глувци потврдила дека доколку во првите месеци од животот со лековите влијаеме на цревната флора, ризикот од дебелеење се зголемува за 25%, а сето тоа влијае повеќе на момчињата, отколку на девојчињата.
Прашањето кое се наметнува е дали родителите треба да одбиваат да им даваат антибиотици на своите деца, заради резултатите од оваа студија? Педијатрите велат дека тоа не треба да биде случај, бидејќи антибиотиците на бебињата им се даваат како основна клиничка потреба, а со добра исхрана и пробиотици заедно со антибиотикот, дебелеењето може да се спречи од најраното детство.
Исто така, многу е важно со педијатарот да имате добра комуникација и детално да ви објасни заради што на детето му се потребни антибиотици. Често може да се случи лекарите да почекаат неколку дена со препишувањето на антибиотик, но исто така постојат и такви лекари кои препишуваат антибиотици и кога за тоа нема голема потреба. Иако се лек, антибиотиците со себе носат одредени ризици и треба да се даваат тогаш кога е тоа многу потребно.
11
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Неколку капки млеко на брадичката, влажна облека по хранењето или мало...
Како бременоста влијае на работата на штитната жлезда?
Бременоста носи низа хормонални промени, а меѓу органите што мораат да...
Желудочни киселини во првиот триместар
Покрај мачнината и заморот, првите недели од бременоста кај некои жени...
Исхрана за подобра плодност после 30-тите
По 30-тите, грижата за репродуктивното здравје станува уште поважна. ...
Пред двете цртички, не заборавајте на фолната киселина
Грижата за здравјето на идното бебе започнува уште пред да се појават ...