Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Постојат несогласувања во врска со прашањето дали јајцата да се чуваат во фрижидер или на собна температура. Америкаците обично имаат тенденција да ги чуваат јајцата во фриждер со цел да им го зголемат рокот на траење и да спречат бактериска контаминација. За разлика од нив британците најчесто ги чуваат јајцата на собна температура. Разликата помеѓу начинот на кој американците и британците ги чуваат јајцата може да се припише на неколку фактори, како што се различните маркетинг прописи во секоја земја. Со цел да се реши старата дебата – јајцата во фрижидер или на собна температура, од Daily mail е покрената студија која има за цел за открие што е точно.
Зошто американците ги чуваат јајцата во фрижидер?
За американците чувањето јајца во фрижидер не е едноставно прашање на вкус – тоа се прави со цел да се спречи ширењето на салмонела. Според американската прехранбена и лекарска администрација, во САД се регистрираат околу 142,000 болни секоја година, кои јаделе јајца заразени со салмонела. Во САД не е задолжително вакцинирање на кокошките против салмонела, но 1/3 од фармерите ги имунизираат самоиницијативно.
Заради ваквата политика и практика, чувањето на јајцата во фрижидер е императив. На тој начин се минимизира ризикот од загадување и се зголемува рокот на траење.
За разлика од американците британските закони наложуваат кокошките да бидат вакцинирани против салмонела. Велика Британија има преземено мерки во 1988 година, со цел да ја спречи појавата на салмонела. Националната програма за заштита од салмонела го спречува маркетингот на јајца со непознат здравствен статус. Сепак кај британците владее поделено мислење за тоа дали јајцата да се чуваат во фрижидер.
Зошто во Британија јајцата се чуваат на собна температура?
Поборниците за оваа практика укажуваат на тоа дека ладењето на јацата е бескорисно за безбедноста и го уништува нивниот вкус.
Свежо и здраво јајце може да стои на собна температура 7 дена, изјавува Тим Хејворд водител на програма на BBC радио и колумнист во Financial Times.
Исто така, супермаркетите во Европа ги чуваат јајцата на собна температура, а не во фрижидер. “Јајцата воопшто не треба да бидат во фрижидер пред продажба на крајниот потрошувач. Студените јајца оставени на собна температура кондензираат, што го олеснува растот на бактерии на лушпата, а веројатно и во јајцето”, се вели во регулативите на ЕУ.
За решавање на оваа дебата екипа на Daily mail отиде во западен Јоркшир, во опремени тест лаборатории со цел да се направи споредба меѓу американскиот и британскиот начин на чување на јајцата.
Едно пакување јајца беше чувано на собна температура меѓу 20-25 C, а друго пакување беше ставено во фрижидер на температура од 6 C. Овие примероци беа постојано тестирани за бактерии како што се E. coli, Salmonella, и Listeria.
Резултатите од студијата покажаа дека и на двете пакувања со јајца имаше подеднакви бактерии – во текот на 14 дена, колку што траеше студијата. Не постои предност во одржувањето на јајцата во фрижидер, за разлика од нивното складирање на собна температура.
Во крајна линија: заради разликите во одгледувањето на кокошките (нивното вакцинирање против салмонела), се препорачува американците да ги чуваат јајцата во фрижидер, а британците можат да бидат сигурни без разлика кој метод ќе го изберат дека е сосема безбеден.
Извор: Medical daily
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.