|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Др. Даниела Цветановска

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Др. Даниела Цветановска е стоматолог во центарот за дентално здравје Етерна Дент! Даниела ни ги открива тајните за нега на забите во бременоста, како и нега на забите на своето дете и на целото семејство.

image
/11


РР: Колку проблемите од работа ги носите дома и на кој начин се релаксирате?

Др. Даниела: И тоа се случува, но со позитивен став кон работите, а и  со убава домашна атмосфера и добри пријатели, сè поминува полесно.

РР: Како Ви се допаѓа Рингераја.мк и колку  Даниела има време да се дружи со нас на форумите. Нормално разменувајќи лични искуства и ставови, но и стручни совети?

Др. Даниела: Рингераја е одличен интернет портал, многу е потполн и има сè што може да затреба. Првата бременост за секое семејство и за секоја мајка е толкава новина, што има многу различни прашање што би можеле стручно да се одговорат или уште поприемчиво да се дознаат од нечии скорешни искуства. Рингераја е одлична можност за тоа. Топло го препорачувам!

ЕТЕРНА дент е пријател на Рингераја, пријател на секое семејство.

Здравите и убави заби значат добробит и квалитет на живот. Наспроти „репараторната” стоматологија која дава моментални решенија, нашиот концепт е здрави заби за цел живот. – тоа е филозофијата на ЕТЕРНА дент.

ЕТЕРНА дент е стоматолошка ординација која ги следи сите трендови во современата стоматологија во светот. Опремена со модерна стоматолошка опрема и професионален тим, ЕТЕРНА дент нуди современи концепциски, технолошко-технички и хумани ресорси за рана дијагностика, безболна и навремена терапија и за одржување на здравјето на забите. Па еве како стоматолог во ЕТЕРНА дент ќе ве прашаме и нешто професионално.

РР: Што ве прави поразлични од другите на пазарот?

Др. Даниела: Тоа најдобро знаат да го одговорат нашите пациенти затоа што тие најдиректно ја чувствуваат споредбата. Нешто што е специфично за нас е дека проблемите во устата ги гледаме исклучиво како целост и имаме проверени протоколи за лекување на состојбата во која доаѓаат нашите пациенти додека не ги доведеме до состојба на здравје. Тоа ни е најважно. Потоа ги воведуваме во протоколот на одржување на постигнатото орално здравје, што е вистинско задоволство и за нас, гледајќи ги резултатите од нашата работа, а и на нашите пациенти кои непосредно ги уживаат предностите на здрава уста и заби.

РР: Објаснете ни малку повеќе за “Lumineers”.

Др. Даниела: “Lumineers” се порцелански фасети односно извонредно тенки порцелански луспи што се ставаат само на надворешната страна од предните заби, а ексклузивноста на “Lumineers” е тоа што за нивната апликација не е потребно никакво состругување на природните заби. Поставувањето на “Lumineers” врз природните заби е трајно и дава одличен изглед на забите и непцата. Порцеланот се изработува исклучиво во заботехничка лабораторија во САД, а ние, т.е. Проф. Др. Ана Миновска и д-р Ана Бундалевска од ЕТЕРНА дент се едниствените ексклузивци за работа со “Lumineers”  не само во Македонија туку и во целиот регион.

РР: Ајде малку поопширно околу ЕТЕРНА едукација.

Др. Даниела: ЕТЕРНА едукација е посебен сегмент, но и неразделен додаток на ЕТЕРНА дент. Секој од докторите во ЕТЕРНА дент, освен општата стоматологија има и дополнителни квалификации во кои постојано се доусовршува на курсеви во странство и во земјава. Тие наши веќе стекнати квалификации, преку курсеви што ние ги организираме во ЕТЕРНА едукација, им ги правиме достапни и на нашите колеги кои сакаат да ги научат истите. 

РР: Како една реномирана стоматолошка ординација каков е вашиот став за воведување на млекото со флуор?

Др. Даниела: За тоа се најкомпетентни педодонтите, но мој личен став би бил дека како иницијатива за превенција е позитивна, но како конкретен чекор за превенција во Р. Македонија не сум сигурна колку е соодветна мерка. Од сите видови на флуор профилакса, оваа мерка е прилично ограничена и недоволно контролирана, во смисла на постоењето на различни производители на млеко на пазарот (информираност на родителите за конкретниот производител), кај децата - разликите во консумацијата на млекото/дозата во текот на денот и континуитетот на истата навика до одредена возраст до која флуорот е многу корисен. Затоа можеби друга конкретна мерка за флуор профилакса на целната популација во земјава би дало попредвидлив позитивен резултат во намалувањето на стапката на појава на кариес.

РР: Децата и миењето заби.

Др. Даниела: Од појавата на првите млечни запчиње во устата мајката треба да внимава тие да бидат чисти барем пред спиење, (ако се појават наслаги евентуално со памучно стапче внимателно да се отстранат). Но со четкање на забите без паста треба да се почне кога детето ќе ги совлада механичката активност „четкање на заби“ низ кратки игри со детска четкичка за заби, околу првата година.

*Дури откако детето ќе го совлада плукањето, околу втората година, тогаш треба да се става и мала количина на паста, како зрно грашок и помала.

*На околу двегодишна возраст добро е да се направи прва лежерна посета на забар со цел тој амбиент на детето да му стане познат.

*Од третата година добро е да се прават контроли еднаш на шест месеца и запчињата да почнат професионално да се чистат, со што стоматологот сосема природно станува позитивно и нормално искуство за нашите мали пациенти. 

РР: Дали е точно дека цуцлите лажливки како шишињата со цуцла ги криват забите? Кажете ни малку повеќе за потенцијалните предизвикувачи на кариес кај децата и на што треба родителите да внимаваат.

Др. Даниела: Да, точно е, особено употребата на цуцли после втората година во смисла на тоа детето да ја држи во уста поголем дел од денот. Дозволено е инцидентно да се напие со цуцла и таа да се тргне, но не и да ја има постојано во уста, бидејќи тоа влијае на подредувањето на забните лакови и може да настанат искривувања и на забите и на виличните коски и потоа да биде потребен ортодонтски третман за истите аномалии да се коригираат.

Исто така точно е дека засладената кашеста храна е голем непријател на детските заби и главен предизвикувач на кариес на млечните заби. Особено ако детето се храни многу често во текот на денот, или постојано, како што понекогаш се случува кај деца кои не јадат многу. Контактот со таа храна треба да е краток и во одреден оброк, после кој забите се промиваат и се оставаат чисти.

РР: Дали трудниците треба да посетуваат стоматолог и на колку време? Дали е препорачливо било какви стоматолошки третмани за трудниците?

Др. Даниела: За да ги зачуваат забите во добра состојба трудниците треба обврзно да посетат стоматолог некаде во 3-4 месец на бременоста и потоа пак во 7-иот месец од бременоста од причина што кај нив хормонски се јавува изразит гингивитис (воспаление на непцата). Тоа потекнува од хормонските промени што ги има жената, кои ги менуваат условите во устата во насока поволна за развој и на воспаление на непцата и на кариес. Затоа, тоа се спречува со „обично“ чистење на забите, како што сите правиме еднаш годишно, и истото да се повтори во 7-иот месец. Сакам да потенцирам дека само тие, хормонски условени и не третирани со стоматолошки третман промени доведуваат до појава силни гингивитиси и нови кариеси, особено ако останат незабележани, во текот на бременоста и додека детето е многу мало, веќе минуваат цели 2 години и промените на забите може да бидат и помасовни. Значи „расипувањето“ на забите кај трудниците е од оваа причина а, не од „губењето на калциум“ од забите, бидејќи одамна е научно докажано дека од створената кристална решетка на забите на мајката калциумот не може да излезе и тие затоа да се расипат. Лекот како што реков е многу едноставен. Добро професионално чистење на забите минимум 2 пати во текот на бременоста и максимално добар режим на орална хигиена.

РР: Флуонатрил – таблетки, според едни не треба да ги пијат трудници, доилки и деца, а според други треба. Вашиот став околу ова прашање.

Др. Даниела: Таблетките со флуор се дефинитивно најкорисните таблетки за забите. Тие се минерал како и калциумот и има одлично позитивно дејство на забите во фаза кога тие ја ствараат кристалната решетка додека сè уште се неникнати, во коската. Како и секој лек, како и аспирин или аналгин на пр. не треба да се пијат во огромни количини, да се предозираат и сл. Но во пропишаните дози се апсолутно корисни, даваат долгорочни позитивни резултати (детето би имало многу здрави и неподложни на кариес заби) кои секоја мајка би му го посакала на своето дете. Јас, бидејќи сум исто така бремена, секојдневно примам таблетка со флуор, кој за бремени жени изнесува 1мг дневно и на сите бремени жени истото им го препорачувам. Во крајните месеци на бременост, како што сум сега јас, тие се вградуваат во градбата на трајните едниници и шестки на моето дете.

РР: Ваша порака до трудниците, родителите и сите воопшто.

Др. Даниела: Најдоброто што можеме да го сториме за нашите заби е да си избереме месец во годината кога ќе отидеме на редовно чистење на забите, во случај веќе да сме ги санирале. Ако не сме го сториле тоа, тогаш да ги санираме и потоа само еднаш годишно да го одржуваме здравјето на забите. Денес модерно е да се биде здрав и витален, а инвестицијата во сопственото здравје е дефинитивно најдобрата инвестиција.

Второ најважно е дека само чистиот заб може да биде здрав заб.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Што треба да знаете за вагиналното породув...
Имајте доверба во вашето тело...тоа знае што прави
4
3D верзија на Вашето бебе во стаклен сад!?
Веруваме дека трудниците ќе бидат задоволни
4
Супер храна за трудници! Што мора да јадете?
За ваше здравје и за здравјето на вашето бебе, вклучете ги овие намирници во вашата исхрана
3




Анкета

Градинка.
Admin

Во која градинка посетува вашето дете?