|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Имам паничен напад – што да правам?! 2 дел

Редакција Рингераја, 11.11.2015
При панично растројство стравот кој се доживува не е поврзан со околностите во средината и неговата моќ не одговара на реалната ситуација. Поминува за неколку минути, но може да се повтори по кратко време повторно

image
/11


 

Нападите на паника не претставуваат опасност за животот, но сами по себе се непријатна состојба во која не можат да се контролираат сопствените чувства и емоции.


Паничното растројство постепено го поткопува чувството за доверба во себе и доверба во блиските. Поради чувството на недоволна безбедност, засегнатиот не е во состојба да комуницира нормално.


Третман на панично растројство

При третманот се користи когнитивна и бихејвиорална терапија.
Првата фаза вклучува запознавање со случајот. Засегнатиот добива детални информации за состојбата, за можните причини кои го предизвикуваат, симптомите и претстојното лекување. Искусниот психотерапевт помага да се промени начинот на размислување - да се исполни когнитивно реструктурирање. Терапевтот помага да се изгради позитивен амбиент кон животот и реална проценка на ситуацијата при удар.


Бихејвиоралната терапија помага засегнатиот да се здобие со способност да го контролира своето однесување. На сеансите се изучуваат техники за излез од сложени животни ситуации, се имитираат слични услови. Оваа терапија ја зголемува самодовербата на болните.

При когнитивната терапија се  учи како размислувањето да стане конструктивно. Важен дел од консултациите е да се постигне анализирање на сопствените мисли и да се прави разлика помеѓу разумните и невозможни нешта. Како резултат на терапијата се апсорбира способноста да се открие само причината за напад на паника.


Причините за напади секогаш се индивидуални. Обично нема врска помеѓу статусот на паниката и видливата причина. Нападите се намалуваат кога ќе се осознае дека нема причина за стравовите.


Се изучуваат техники за враќање на самодовербата по паничен напад, како и начини да се контролира состојбата во иднина.


За справување со нападите помагаат техники за релаксирање. Асимилирани се техники за позитивно размислување, респираторни вежби и др. Посебно внимание се обрнува на техниките на дишење, бидејќи за време на паника е карактеристично зачестено, прекинато дишење.


Особено корисна е терапијата во група, во која секој го споделува своето искуство во надминувањето на панично растројство. Вниманието и поддршката од страна на луѓе со сличен проблем, дури и кога е тивко, помага.

Времетраењето на терапијата зависи од сериозноста на состојбата. Обично се одвива 10-20 недели.

Квалификуван и искусен психолог или психотерапевт е во состојба да се справи со терапијата на панично растројство.


Третман со лекови се презема само кога психолошката терапија не е доволна. Во некои случаи се препишуваат антидепресиви. Во принцип медикаментозно лекување е ефикасно, но се одвива под лекарски надзор.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебињата слушаат расправии и додека спијат!
Детскиот мозок е чувствителен на промени во тоналитетот на гласот и на нив реагира и во сон, покажа студијата на Универз...
5
Колку често треба да се менува цуцлата?
Цуцлата може да биде корисна за смирување на бебето и задоволување на неговиот природен рефлекс за цицање. Сепак, за да ...
4
Домашна VS супа од кесичка
Ширум светот, во различните цивилизации и култури, супата отсекогаш била исклучително ценета заради своите закрепнувачки...
4
Совети за поздрав почеток на Новата година
Лошото комбинирање на храната, односно, внесувањето на јагленохидрати и белковини во ист оброк, има за последица лошо ва...
3




Анкета

.
Jana9

Dali pred vreme se kupuvate za pristignuvanjeto na bebeto ili od koga ke se rodi/.

Pred raganjeto (100%)

Po raganjeto (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!