|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Храна и лекови – комбинации кои не се препорачуваат

Редакција Рингераја, 14.6.2025
Кога земаме лекови, често мислиме дека само дозата и времето се важни. Но она што ретко го земаме предвид е што сме јаделе или пиеме заедно со терапијата. Некои намирници можат сериозно да ја намалат, засилат или изменат ефективноста на лековите.

image
Храна и лекови
/11


Еве неколку опасни комбинации што треба да се избегнуваат.

 

1. Грејпфрут и повеќе видови лекови

Грејпфрутот содржи супстанции кои го блокираат ензимот што ги разградува лековите во црниот дроб. Тоа значи дека лекот може да остане подолго и во поголема количина во телото што го зголемува ризикот од несакани ефекти.

Избегнувајте со:

  • Лекови за висок притисок
  • Статини (за холестерол)
  • Антидепресиви
  • Некакви антиалергени

 

2. Млеко и млечни производи и антибиотици

Калциумот од млекото може да се врзе со антибиотикот и да спречи негова апсорпција. Најчесто тоа важи за т.н. тетрациклини и флуорохинолони.

Препорака: земете го антибиотикот најмалку 2 часа пред или по консумација на млеко.

 

3. Банани и други извори на калиум и лекови за крвен притисок

Некои лекови за хипертензија (особено АЦЕ инхибитори) го задржуваат калиумот во телото. Ако прекумерно се внесува калиум преку храна, може да дојде до срцеви аритмии.

Избегнувајте претерана консумација на:

  • Банани
  • Авокадо
  • Компири
  • Спанаќ

 

4. Алкохол и апсолутно било кој лек

Алкохолот и сам по себе е супстанца што го оптоварува црниот дроб, а во комбинација со лекови може да предизвика несакани реакции: поспаност, пад на притисок, оштетување на црн дроб, па дури и опасни интоксикации.

Особено ризично со:

  • Антидепресиви
  • Лекови за анксиозност
  • Болкоублажувачи
  • Антибиотик метронидазол

 

5. Зелена лисната храна и лекови за разредување на крвта

Храна богата со витамин К (како блитва, кељ, брокула) може да ја намали ефикасноста на лековите за разредување на крв (варфарин).

Совет: не мора да ги исфрлите, туку држете употреба на постојано количество без големи промени.

 

Што да правите?

  • Секогаш читајте ги упатствата со лековите
  • Прашајте фармацевт или лекар ако не сте сигурни
  • Не мешајте лекови со „здрава храна“ без претходно да знаете дали е безбедно

 

И најздравата храна може да стане пречка ако се зема во погрешен момент. Терапијата не е само лекот кој го внесуване туку и како и во комбинација со што го внесуваме.
Затоа бидете добро информирани.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да препознаете знаци на предвремено п...
Предвременото породување може да започне суптилно, со симптоми кои лесно се мешаат со вообичаени тегоби во бременоста.
17
Нередовен циклус: што може да стои зад тоа?
Менструалниот циклус е еден од најважните показатели за женското здравје. Кај повеќето жени тој трае од 21 до 35 дена, н...
3
Зошто е тешко да се спие во бременост?
Многу трудници очекуваат дека ќе бидат постојано уморни и навистина се. Но и покрај заморот, сонот често станува плиток,...
3
Совети за првите денови по дознавањето дек...
Двете линии на тестот носат мешавина од радост, страв, возбуденост и илјада прашања. Првите денови по дознавањето дека с...
3




Анкета

одмор
lp136

Дали би патувале 1200км со автобус со мало дете

Да (0%)

Не (100%)

Можеби (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!