|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ели: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 19.8.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/121


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!


Детали

Ник: Ели

Датум на породување: 17.06.2010 година

Тип на породување: природно

Болница: Свети Лазар

 

Единаесет  часот, Кирил ми заспа, успеав да ги ставам јуфките во загреаната рерна и како секоја тазе мама закаснив со доручекот, па така сопругот го испратив со една испиена шоља кафе на работа. Наоѓам време да ја споделам со вас мојата породилна приказна, како од двајца станавме тројца.
Луди журки, џускања до раните утрински часови во познатите дискотеки низ градот, безгрижно станување од кревет во викендите, во 12 часот напладне ... Дали има нешто поубаво од тоа ? Старите велат се во свое време.
Неможев да замислам поголемиот дел од времето да го поминувам дома, да перам и пеглам речиси секој ден по нешто ... Сето тоа се смени откога на свет дојде нашето сонце, нашиот сладок син Кирил. Името му го дадовме по дедо му – прочуениот архитект Кирил Муратовски ... Сопругот Бојан пред да го дознаеме полот, беше убеден дека носам женско, но незнам од каде беше убеден во тоа кога поширокото негово семејство се машки !?  Сега вели дека не би го менувал ниту за 10 девојчиња.. хихи
Бев навлезена во 38-та недела од бременоста и добро ја поднесов во текот на сите месеци, освен што неможев без Рупурут таблетките, јаболките и сировите бадемчиња  кои секогаш ми беа при рака, посебно навечер откако ќе легнев во полулежечка положба. Имав многу киселини. Во саботата дома имавме жена да ни чисти ( се спремавме на големо за доаѓањето на новиот член во семејството ) и незнам што ми беше, скоро целиот ден дома го поминав во качување и симнување по скалите. Вечерта имав тапи болки во долниот дел од кичмата, и поведена од предходните спортски искуства мислев дека ме боли затоа што сум се префорсирала од работа. Впрочем, јас тогаш сум почнала да се " отворам " .
17.Јуни.2010 - Четврток, 10 часот, отидовме со мајка ми и брат ми (сопругот малку покасно дојде ) во болница на редовен гинеколошки преглед кај д-р Митко Ивановски. Во тек на вагиналиот преглед докторот зачудено ме праша - Ели, не чувствуваш болки ? Отворена си 3 прста !! Тогаш знаев дека дојде денот кога нетрпеливо чекав да го видам нашето бебенце. Сестра Ивана ме однесе во собата бр. 310 - на чија врата откако се породив ми ставија сино патиче. Ми дадоа провокации на кои мојот организам не одговараше којзнае како, не чувствував скоро никакви болки. Откако докторот ми го пукна водењакот болките тие 3 часа беа мои верни неизбежни другарчиња. Е тогаш мислев дека Господ го гледам во пижами ха ха. Кога веќе неможев да издржам, со количка ме однесоа во породилната сала. Не можев да се исправам од болки, кои потоа брзо се забораваат. Анестезиологот одлучи да се пораѓам без никаква анестезија затоа што се отварав многу брзо и веќе раѓав. Буквално со два силни напони, успеав да го породам моето сонце кое видов како го зеде неонатологот. После неколку дена за првпат Кирил се најде во мојата прегратка ...неописливо чувство кое го знае само родителот !!! Од тој ден, животот  доби нова, поубава димензија ... Пред да се породам, потајно се плашев, не знаев дали добро ќе се снајдам во улогата на мајка, но велат мајчинскиот инстинкт е многу силен и неможе да те издаде, па така беше и со мене. На 30 годишна возраст станав горда мајка и многу посилна и посамоуверена жена. Со помошта од тато Бојан и од моите, еве го сега нашиот син, полн со невидени ќерефеки на неполни 2 месеца, безгрижно си расте и си спие на нашиот брачен кревет, во спалната ... Сепак му благодариме што ни дозволува ноќите да ги поминеме со сопругот на нашиот кревет додека тој мирно си спие во своето креветче.
Нема поубаво чувство од тоа кога човек ќе се реализира себе си, посебно во улогата на родител !

 

Рингераја му посакува среќно детство на Кирил !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
4
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
3
Кегелови вежби
Кегеловите вежби се едноставни, но многу ефикасни и би требало да ги научи секоја жена, независно дали е бремена или не....
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?