namesp во 10:11
Елена Наумовска: Моето трето породување
Редакција Рингераја, 5.11.2020Термин, 3 октомври 2020. Помина 1ви, 2ри, дојде и 3ти бебето ни малку нема план да се роди. Помина и 4ти, и на крај дојде 5 октомври 2020, денот кога моето срце се зголеми за три величини повеќе, денот кога мојата Бисера, мојот бисер дојде на свет.
Утро, 7 часот, навидум исто како и сите претходни. Ќерките будни, сопругот на работа, ред е да станеме од кревет. Станувајќи чувствувам болка, но бидејќи болката беше присутна во текот на целата бременост не обрнувам внимание, па продолжувам со обврските околу децата и нашите утрински ритуали.
Доаѓа 9:00 часот а јас забележувам дека болките се чести и се јавуваат на секои 30 минути, и секако веќе ми е јасно дека денес е денот за породување. Се јавувам на сопругот со зборовите "Доаѓај треба да одиме во болница, почнаа болките", секако можете да замислите каков стрес доживеа тој во тој момент нели, колку и да го минал сето тоа.
Доаѓа тој, доаѓа мајка ми да ги земе ќерките, а јас земам да јадам чипс, бидејќи нели мама е гладна. Знаев дека имам време и не се брзав. Во 13:30 часот веќе бевме во болница. За среќа ме примија двајца прекрасни доктори. Ме прегледа, се беше во ред, процесот на породување веќе започнал како што и очекував, но болки ни малку оние што имав. Ме подготвија и остана само да чекаме. Сопругот беше до мене, чекавме и разговаравме до 18:00 часот, кога докторите одлучија присилно да го пукнат водењакот, па веднаш потоа почнуваат оние силни, најсилни болки, во 18:10 часот ми се јавува сопругот да праша што се случува, секако се јавив разговаравме неколку минути. Во 18:20 часот го слушнав највредниот и најубавиот плач на светот, плачот на нов живот, живот кој го створивме ние двајца, нашата трета среќа. Болки, олеснување, солзи во очите, радост многу помешани чувства. После две породувања на кои ми беше извршена епизотомија, и јас а и докторката(таа ме породуваше и претходните пати) очекувавме дека повторно ќе биде потребно, но за среќа помина без тоа. Иако имав страв дека ќе биде најболно, третиот пат помина најбезболно.
Лесно изгледа нели? Но само изгледа, верувај..
Сепак, секоја болка која ја чувствував на секое породување, би ја почувствувала уште милион пати во двојна верзија, за да можам како што денес можам да се разбудам со нивните прегратки, за да го слушам тоа нивно мама по 1000 пати дневно, за да ги гледам како се смеат гласно најгласно додека играат со татко им, за да ги имам.
Да бидеш мајка не е лесно, но е најголемиот благослов кој Бог и го подарил на жената, таа да дарува живот а тој живот да ја има смислата за нејзиното постоење.
Ваша Елена,
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Жените доживуваат сосема нов свет на промени кога се бремени. Една од овие промени може да бидат акните во бременоста

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
