Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
За да заштедите непотребни грижи, запознајте се со општите правила во однос на движењето на бебето.
Веројатно токму првото движење е повод идната мајка да сфати дека веќе не е сама. Се претпоставува дека бремената жена, која за прв пат очекува дете може да ги почувствува првите движења по дваесеттата недела. Оние кои очекуваат второ, трето дете, го чувствуваат тоа некаде околу осумнаесеттата недела. Се разбира, тоа се условни рокови и кај секоја жена е индивидуално.
Всушност чувствата на мама не се показател дека ова реално се првите движења на бебето. Првите се поврзани со различни фази од формирањето на нервниот систем на фетусот. Тоа е околу осмата недела од тазвојот на бебето во утробата. Во почетокот движењата се неосвестени и се рефлексни.
Во овој период ембрионот е со сосема мали димензии - од 8 до 11 мм. Но тогаш нежните движења не можат да се почувствуваат од мама. Бебето веќе е опкружено од амнионската течност во амнионската меур, а тоа е околу 10 мл во осмата недела, додека во десеттата веќе 30 мл. Постепено, сепак и бебето стекнува на тежина и мускулната сила му расте, па неговите движења почнуваат да се чувствуваат.
Првото движење на бебето се чувствува како слаб бран. Може да биде поединечно или серија од сензации. Постепено почнуваат да се чувствуваат регуларно и мама може да комуницира целосно со бебето.
Бебето во утробата не може да прави разлика помеѓу ден и ноќ, тоа си има свој ритам на спиење и будност, кој може да се разликува тотално од ритамот на мајката. Значи, ако бебето се движи малку во текот на денот, тоа не е причина за загриженост. Тоа може да биде поактивно во текот на ноќта.
Кон седумнаесеттата недела бебето веќе слуша и ги разликува најсилните звуци од мама, а од дваесеттата натаму се смета дека дури има свои преференци. Најдобро му влијае спора и мелодична музика. Острите и силни звуци предизвикуваат напорна моторна активност.
По движењата може да се утврди и поставеноста на фетусот.
Во последниот месец од бременоста, кога состојбата на бебето е главична и релативно стабилна акушерките одредуваат положбата на бебето во зависност од тоа дали грбот на бебето е од лево или од десно. Бебињата соодветно би требало да се чувствуваат од спротивната страна.
Некои лекари се убедени дека по 28-та недела идната мајка треба да чувствува не помалку од десет движења на фетусот во час, како такви часови треба да бидат барем неколку дневно.
Сепак бројките се многу релативни и секој организам е индивидуален. Секое дете уште во утробата на мајка има свој темперамент и го избира својот ритам на моторна активност. Ако сепак чувствувте некоја разлика во чувствата и мислите дека има разлика во движења на бебето, консултирајте се со вашиот гинеколог.
Многу ниска, но и многу високата моторна активност на плодот може да е знак за недостиг на кислород или хипоксија. Причините за ваквата состојба може да се најразлични - болест на фетусот или на мајката, патологија во бременоста или друго. На почетокот во присуство на хипоксија движењата стануваат поактивни и силни. При ваква продолжена состојба постепено активноста опаѓа.
Понекогаш при зголемена активност е доволно само да го промените ставот на телото, за да се смири бебето. На пример ако лежите на грб, бебетоја притиска главната артерија - аортата, што во одредена мера може да ја отежне циркулацијата и соодветното снабдување со кислород.
Ако за време на втората половина на бременоста (особено по 28-та недела) воопшто не ги чувствувате движења на плодот во текот на едно деноноќие, треба задолжително да одите на консултација кај гинеколог.
Преслушвањето на тоновите на бебето и прегледот на ултразвук ќе го воспостават со точност статусот на бебето. Имајте на ум дека во последните една, две недели пред породувањето движењата на бебето стануваат поретки, бидејќи бебето се подготвува да се појави на виделина.
Не заборавајте и дека вашиот глас, комуникацијата со бебето, галењето на стомакот и гласот на таткото делуваат одлично на бебето.
забава Бремените
Автор: bobik
Почнува сезоната на настинки, кога кивањето и кашлањето стануваат дел ...
Затворете очи само за момент и замислете го вашето идно јас. Не некаде...
Иднината што ја сонува твоето срце
Понекогаш најважното прашање што можеме да си го поставиме не е каде с...
Технологија, надеж и живот - сe за чудото наречено IVF
Ин витро фертилизацијата (IVF) е едно од најголемите достигнувања на с...
Твоите избори го создаваат твојот живот
Секој ден носи нова можност и тивка шанса да направиме еден чекор пона...
Бремена
пеперутка16
Кога почна да ви се гледа стомакот? Кога почнаа да ве гледаат како да сте бремена и да ве прашуваат за вашата бременост?