За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Првото породување се случи 10 дена по терминот. Три дена претходно бев во болница и единствено што ми правеа беше ЦТГ. Провокации ми уклучија претходниот ден пред да се породам, само пола шише и ми го исклучија, не знам зошто. Никакви болки не добив. Следниот ден, накај 19 часот на последното ЦТГ докторот виде дека нешто не е ок и одма ме прати на итен царски рез. Почнав да плачам, мислев дека нешто се случило, бидејќи никој ништо не ми објасни. Не знам дали беше сестра или бабица,му рече на докторот "докторе оваа не сака да оди на царски". Дојде докторот и ми објасни зошто мора царски рез. Бебето не мрдало доволно и треба да се реагира на време за да не се случи нешто. Плачев до пола породување. Ме викаа плачка.
Голема језива и ладна сала, пет-шест доктори, сестри, бабици,анестезиолог. Језива беше и анестезијата, односно големиот шприц и начинот на кој се става.
После некое време почнав да не чувствувам ништо од половината надолу. Радиото си пееше... Сестрите цело време ми правеа муабет и ме тешеа. Колку години сум била. Кое дете ми е. Колку килограми сум се поправила во бременоста. Многу убава коса сум имала...
Најубавото чувство дојде по кратко време, слушнав дека заплака и ми ја дадоа врз мене. Иако беше кратко ама беше најубавото нешто. Ја зедоа и слушнав "здраво женско бебе, 3950 грама, 52 сантиметри должина. Честито мајка да е жива и здрава".
Царскиот траеше 15 минути, болки не чувствував. И уште се чувствував некако несигурна, исплашена.
Шок соба, мислам дека е по језива од пеколот. Стари луѓе, неколку кревети, апарати кои титкаат на пола саат.
Се сеќавам дека ми беше многу ладно и побарав кебе. Сестрата одма ме покри и ми рече не се плаши нормално е. Побарав телефон да се јавам дома и иако не смееле сестрата ми даде да се јавам, да ги известам домашните. Се јавив и секако со плачење му реков на маж ми "јас само што се породив, си имаме ќеркичка, се слушаме утре" и исклучив, без да кажам дека со царски рез сум се породила.
Пеколот во шок соба траеше до наредниот ден до пладне.
Потоа ме ставија во соба со други мајки. Почнав да си доаѓам психички при себе. После некое време ми го дадоа бебето. Веќе се чувствував сигурна и ми помина стравот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Како да ја масирате лузната од царски рез?
Има еднo нешто што мора да го направите, за кое што повеќето лекари нема да ви кажат. Навистина е едноставно, но некои ж...
4
Ви недостасува ли телото што го имавте пор...
Оваа магична кожа ги одгледуваше внатре. Го обвиваше телото што ги хранеше за сите тие месеци, срцето кое физички растеш...
4
Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
3
Габични инфекции на женските полови органи
Габичните инфекции можат да бидат непријатни, но за здравите жени, кои немаат пропратни сериозни заболувања, не претстав...
3