Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Освен поволното влијание на телесната маса, супата е и докажан сојузник во борбата против вируси и настинки.
Денес, со длабоко вкоренетото традиционално верување, постои и научна потврда за здравствената предност од консумирање на супа. Супата отсекогаш била синоним за храна која не теши, закрепнува и лечи, а неретко не потсетува и на домашната атмосфера и времето кое го поминуваме во кругот на семејството.
За виток стас и против дехидрација
Пилешката супа докажано помага при настинка и затнат нос, супата од домати е народен лек за мамурлак, а од неодамна на консумацијата на супа и се припишуваат и некои други прехранбени адути. Името, се покажало дека супата може да биде одличен сојузник при губењето на вишокот телесна маса и одржувањето на витка линија. Истражувањата покажуваат дека супата како предјадење може да го намали вкупниот внес на калории внесени со главниот оброк. Значи, познато е дека започнувањето на оброк со супа, ја зголемува ситоста и го намалува внесот на енергија. Освен поволното дејство на телесната маса, супата е докажан сојузник во борбата против вирусите и настинките. Се смета дека топлината помага во исфрлањето на секретот од градите и синусите, а течноста ја спречува дехидрацијата. Во прилог е водич низ домашните и индустриските супи, нивните особености, предности и недостатоци.
Месни и рибји бујони
Со варење на месото или на рибата, со додаток на разновиден зеленчук, се добива бистра супа или бујон. Во таквите супи обично се додава ситна тестенина. Месото е одличен извор на вкус, но скромен со желатин, додека коските и кожата даваат слаба арома, но изобилство на желатин. Затоа во подготовка на месна супа најчесто се комбинираат месо и коска, кои се варат во двојно поголема количина на вода. Ако не сакате да претерувате со маснотија, потребно е да ја фадите мрснотијата додека месото се вари.
За подготовката на рибја чорба потребно е пократко време за варење. Потребно е рибата внимателно да се исчисти од шкргите и темелно да се измие пред варење. Рибата се додава во вода во која претходно е варен кромид,, со маслиново масло, бибер во зрно, ловоров лист и и коренест зеленчук по желба. Пред самиот крај на варењето додадете сол.
Гулаш супи
Гулаш супата е комбинација на манџа, вариво и супа. Се одликува со богатство на месо исечено на парчиња, богат вкус, просечно висока енергетска вредност во однос на другите супи и разни додатоци како компири и друг разновиден зеленчук. На многумина гулаш супата може да им послужи и како главно јадење.
Супа од кесичка
Во денешно време, кога потрошувачите бараат производи за брза подготовка, кои се исто така економични, супата од кесичка им е потенцијално решение. “Потенцијално” бидејќи сите супи не се еднакво добри. Добар избор би била супа која содржи голема количина на квалитетен зеленчук, што помалку конзерванси, соли и контрадикторниот мононатриум глутаминат, што помалку заситени маснотии и хидрогенирани масти. Супите од кесичка се подготвуваат за само неколку минути, можат да бидат месни и зеленчукови, бистри или густи. Кога одбирате индустриска супа, важно е да ја читате декларацијата. Ако видите хидрогенирани растителни масти, оставете ја супата на рафтот.
И конечно, можеме да заклучиме дека вкусот, мирисот и аромата на домашната супа е ненадминливо доживување и тешко може да се мери со готовите дехидрирани супи.
5
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се подготвите психички за породување?
Психичката подготовка за породување е исто толку важна како и физичкат...
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Нормален крвен притисок. Кога е висок, а кога низок?
Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцет...
Список на здрави навики пред зачнување
Подготовката за бременост започнува многу пред позитивниот тест. Навик...
Може ли лукот да излечи габична инфекција?
Лукот со векови се користи како природен лек за имунитет, настинки и в...
Доење.
пеперутка16
Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?