Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Голем дел од препораките не се разликуваат радикално од претходните верзии. Но заедничкото признание на 60.000 педијатри дека доењето е најдобро за мајката, детето и за општа национална благосостојба, ја подигна свеста за важноста на доењето.
Заедницата “Најдоброто за бебињата”, која дава безрезервна поддршка за доење ја пофали ААП за изедначување на доењето со јавното здравство: “Оваа препорака станува одговорност на сите нас, а не само на мајките. Потребно е да се обезбеди инфраструктура и социјална поддршка за да се дојде до поголема бројка на мајки кои дојат. Ако можеме да ја подигнеме свеста за рак на дојка, можеме и за доењето.”
Др. Richard Schanler претседател на одделот за доење во ААП и директор на неонатологија во Медицинскиот центар Коен е уште поконцизен: “Не смеете да се запрашате дали треба или не треба да доите. Се разбира дека треба! Тоа е важно за здравјето на Вашето бебе. Тоа е важно и за Вашето здравје исто така.”
Богатството на нови податоци за ефектите од доењето влијаеше на тоа ААП да ги ажурира своите водичи. Истражувачите откриле дека доените бебиња имаат помал ризик од SIDS (sudden infant death syndrome), добиваат помалку ушни инфекции, помала веројатност за дебелеење или кардиоваскуларни болести, намалена хоспитализација за пневмонија. Мајките имаат намален ризик за рак на градите, јајниците и материцата. Времетраењето на доењето е исто така многу важно: “Колку подолготрајно и поексклузивно е доењето, некои од ефектите стануваат позначајни” вели Richard Schanler. “Хоспитализацијата за пневмонија е значително намалена ако бебето е на исклучиво доење во првите шест месеци, за разлика од ефектите за исклучиво доење во првите четири месеци. Како можете да кажете дека тоа не е важно?”
Со помош на новите податоци, направена е преваленција на упатствата на ААП. Тековната политика повикува на ексклузивно доење во првите шест месеци, по што следи контитуирано доење со другата храна кое ќе продолжи најмалку до првата година или повеќе, по взаемна желба на мајката и бебето.
“Не значи дека млекото ја има истата нутритивна вредност по првите шест месеци, тоа повеќе има психолошко влијание врз бебето. За нив дојката е како нивно ќебенце за заспивање и не гледаме ништо лошо во тоа”, вели Schanler.
3
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести митови за IVF, што е вистина, а што заблуда?
Ин витро оплодувањето (IVF) е една од најзначајните медицински техноло...
Колку чекори дневно се доволни за слабеење?
Идејата дека 10.000 чекори дневно е магична формула за слабеење е широ...
Како семејните оброци ја градат блискоста?
Во динамичното секојдневие, заедничкиот оброк често станува реткост. С...
Водич за успешно доење во првите 30 дена
Првите 30 дена по раѓањето се клучни за воспоставување успешно доење. ...
Како преку игра да се развива говорот кај децата?
Развојот на говорот не започнува со првите зборови. ...
„Намаз“.
пеперутка16
Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?