namesp во 10:12
Доење и кариес
Редакција Рингераја, 12.10.2012
Напротив: споредувањето на влијанието на адаптираното и мајчиното млеко покажало дека мајчиното млеко не ја намалува PH вредноста во детската уста. Адаптираното млеко содржи додадени шеќери кои ја нагризуваат глеѓта на забите. Мајчиното млеко не е причина за кариес, ако во детската исхрана не се присутни и други извори на јегленохидрати. Мајчиното млеко содржи антитела и лактоферин кои го спречуваат развојот на бактерии.
Што е Streptococcus mutans?
Streptococcus mutans е бактерија која предизвикува кариес од неправилна исхрана. Доенчињата и малите деца се заразуваат со оваа бактерија од родителите и останатите возрасни кои ги чуваат. Родителите понекогаш му дозволуваат на радозналото дете да ја стави во уста нивната четка за заби. Бактеријата исто така може да се пренесе преку бакнеж или користење на заеднички прибор за исхрана. Ако детето користи цуцла немојте никогаш да ја ставате во својата па во неговата уста, или на детето да му ги џвакате почетните парчиња храна.
Кои се мерките за спречување на развој на кариес?
- Не делете со детето ист прибор и четка за заби и не ставајте ја во уста неговата цуцла.
- Користете флуор.
- Темелно и редовно мијте ги забите.
- Ако го храните детето со адаптирано млеко, по секој оброк исчистете му ги забите.
- Доете го детето со паузи во текот на ноќта, немојте да го доите без престан.
Streptococcus mutans најдобро успева во околина со намалена PH вредност, заради тоа треба да ја подигнеме PH вредноста во устата. Тоа можеме да го постигнеме ако на детето по секое јадење му понудиме вода, или му ја измиеме устата. Во времето меѓу оброците плунката ги испира забите и ја подигнува PH вредноста на природен начин.
На кој начин детето добива млеко?
Технички гледано цицањето во текот на доењето е потполно поинакво од цицањето од шишенце. При доењето брадавицата е длабоко во детската уста и млекото се цеди директно во задниот дел на устата празнина. Ако детето пие од шишенце, млекото му протекува низ устата. Доколку не го испие веднаш млекото може да се задржи во целата уста и на забите.
Семејна генетика
За појава на кариес потребни се три фактор: околината, градбата на забите и исхраната. На околината (усната флора) не можеме да влијаеме премногу а исто така ниту на градбата на забите, која е наследна. Но исто така, не можеме да го препуштиме детето на судбината бидејќи имаме ионака лоши заби во семејството, па и тоа ќе ги има. Во таквите случаи уште е поважна соодветната хигиена со која треба да се почне уште во бременоста и веднаш по никнувањето на првите запчиња.
Родителите кои редовно и темелно ги чистат своите заби се добар пример за своите деца. Исто така, потребна е редовна посета на стоматолог.
Правилна нега на усната празнина
Многу ефикасна заштита од кариес е правилна и здрава исхрана. Децата кои се хранат разновидно и здраво се поотпорни на бактерии. Наместо слатки сокови и чаеви на детето понудете му обична вода. Храната која останува во устата подолго време исто така може да биде причина за кариес. Посебно штетни се лижалчињата и тврдите бонбони кои стојат во детската уста половина час и повеќе. Шеќерот од лижалчињата и бомбоните ги прелева забите, PH вредноста во устата се намалува и бактериите имаат идеални услови за раст.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Повеќето од мајките додека дојат барем еднаш имаат проблем со болно доење. Ретки се оние кои никогаш не осетиле барем ед...

Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...

Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...

Советите кои следат ќе ви помогнат да преживеете (и да уживате) во текот на првите недели...
