Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Еве ги 12 - те најдобри и најлоши работи поврзани со бебињата:
Добро: Спијат како ангели и нежно ‘рчат
Лошо: Спијат како ангели и нежно ‘рчат но само преку ден.
Многу од нив се суштества на ноќта. Па уште и ако ги нахраните по полноќ? Тогаш, подгответе се за гремлините.
Добро: Мирисот на бебето! Свежо испраните и чисти алишта на бебињата мирисаат исто како шеќер кој самовилите го посеале на росна трева.
Лошо: Мирисот на бебето – кисело, повратено млеко измешано со сливи и покакани пелени во очајна потреба од промена.
Добро: Слатка насмевка! Како звук кој би можел да создаде виножито.
Лошо: Слатка насмевка – која толку лесно се претвора во неконтолирано липање. Дали нешто се случи? Дали бебето е болно? Како се промени од среќно во тажно толку брзо?
Добро: Држење на саканото бебе на Вашите гради, додека тоа пие од чудесниот извор на нектар – тоа е она што го прави мајчинството прекрасно.
Лошо: Доење - и бебето почнува да каса. Кога му пораснаа заби и дали ја менуваат формата секојдневно во вид на ножеви?
Добро: Кога бебето ќе Ве препознае! Ти! Ти си мамаааа! Тие светли очи го велат ова со голема радост.
Лошо: Кога бебето Ве препознава – и потоа сфаќа дека си заминувате и некој друг го зема за да можете да одите во тоалет, на фитнес, на работа или на вечера со Вашиот сопруг.
Тогаш бебето добива друг израз, кој значи терор и срцекршење.
Добро: Тие мали облеки! Толку слатки, нели? Мали фустанчиња и шпикозни. Сте ги купиле дури и поголеми и конечно го дочекавте денот кога му се точни на Вашето бебе.
Лошо: Тие мали облеки – конечно му се точни и во тој момент нешто почнува да тече од пелените.
5
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Шминка за мајки кои немаат време за комплицирани рутини
Мајчинството носи многу убави моменти, но и многу малку слободно време...
Лекови и терапии за регулирање на крвниот притисок
Регулирањето на крвниот притисок е многу важно за здравјето на срцето,...
Како високите температури влијаат на зачнувањето?
Летните горештини носат повеќе време на отворено и подобро расположени...
Како расте бебето во првата година од животот?
Првата година од животот е период на неверојатно брз раст и развој. За...
Отежнатото дишење е чест симптом во бременоста и кај многу жени се пој...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.