Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Свети Димитриј Солунски бил христијански маченик за кој се смета дека живеел во Солун во почетокот на 4. век. Во средновековието станал еден од најславените „воени“ светители, и често се поврзува со Св. Георгиј. Неговиот ден се празнува на 8. ноември (26 октомври по стариот календар), и уште е познат како Митровден.

Најстарите записи за животот на Св. Димитриј доаѓаат од 9. век иако има слики за неговите чуда уште од 7. век.
Овој славен и чудотворен светител се родил во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун. Но Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш враќајќи се од војна, царот сврати во Солун посебно за да ја испита оваа работа. Го повика, значи, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор.
Знаејќи што го чека, Димитриј му го врачи сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отиде во затворот весел, зашто му претстоеше страдање за Господа. Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена царот испрати војници во затворот за да го убијат Димитриј. Војниците го најдоа Божјиот Светител на молитва и го избодија со копја. Неговото тело тајно го зедоа христијаните и чесно го погребаа.
Од телото на Христовиот страдалник потече исцелително миро, со коешто мнозина болни се излечија. Наскоро над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест. Им притекна на моштите на Св. Димитриј со молитва и стана наполно здрав. Од благодарност му подигна на Св. Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати.
Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас: „Застанете и не гибајте!“ И така моштите на Св. Димитриј останаа засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун Св. Димитриј се јавуваше многупати и многупати го спаси Солун од големи неволји. Неговите чуда се навистина безбројни. Русите го сметаат и за покровител на Сибир, којшто го освоија и го присоединија кон Русија во 1581 година.
Во Македонија голем број цркви се посветени токму на Св. Димитриј. Традиционално, ајдутите излегувале во планина на Ѓурѓовден, а се враќале дома на Митровден.
забава Бремените
Автор: bobik
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...
Како да изберете совршена количка за бебе?
Изборот на количка за бебе е една од најважните одлуки за новите родит...
Промените на телото во текот на бременоста се природен и неопходен дел...
Разликата меѓу симптоми на бременост и симптоми на ПМС
Разликата меѓу симптомите на бременост и ПМС (предменструален синдром)...
Како да го засакаме своето тело такво какво што е?
Да го сакаш своето тело не значи дека секогаш ќе ти се допаѓа како изг...