Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
„Заедно со брендот Индесит се вклучивме во овој проект, затоа што акциите од општествено одговорен карактер се од големо значење за нашата компанија. Основната цел според која се раководиме е да допринесуваме во заедницата во која функционираме – изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер на Техномаркет.
Скопје (26.07.2013) - Четириесет деца згрижени во СОС Детско село, две недели ќе летуваат во летниот камп во Калдонацо во Италија. Ланецот на продавници Техномаркет и брендот Индесит ги обезбедија трошоците за патувањето и на дечињата им доделија летни реквизити со практична намена кои ќе им го разубават престојот во кампот.
„Заедно со брендот Индесит се вклучивме во овој проект затоа што акциите од општествено одговорен карактер се од големо значење за нашата компанија. Основната цел според која се раководиме е да допринесуваме во заедницата во која функционираме. Благодарноста и радоста во очите на децата поради нашата скромна помош, e само дополнителна причина за да продолжиме да учествуваме во ваквите проекти и да градиме среќна и сигурна иднина за нив“ – изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер на Техномаркет.
SOS Feriendorf International од Калдонацо, Италија секоја година во својот летен камп обезбедува бесплатен одмор за околу 2000 деца на возраст од 6 до 15 години од СОС Детските села ширум светот, како и од останати организации за згрижување и заштита на деца во ризик. СОС Детското село од Македонија оваа година по втор пат аплицираше за посета на кампот и успеа да обезбеди 20 дневен бесплатен одмор во кампот за децата и едукаторите кои ќе се грижат за нив.
„Оваа година успеавме по втор пат да испратиме дечиња во летниот камп Калдонацо во Италија. Благодарност на компанијата Техномаркет и брендот Индесит кои ги обезбедија трошоците за патувањето и со тоа им го исполнија сонот на дечињата од нашето Здружение“ – изјави Јулијана Гапо, директорката на СОС Детско село.
Со овој проект, трговскиот бренд Техномаркет ја продолжува низата на општествено одговорни активности.
4
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Дали постојат препарати кои можат да го ублажат ПМС-от?
Предменструалниот синдром (ПМС) опфаќа низа физички, емоционални и пси...
Хормонски предизвикана неплодност
Хормоните играат клучна улога во функционирањето на репродуктивниот си...
Како да бидете тим, а не двајца ривали во врската?
Секоја врска има свои предизвици, несогласувања и моменти на напнатост...
Планирате бременост? Внимавајте што пиете
Доколку планирате бременост, здравите животни навики можат позитивно д...
Првите 6 месеци, време за поврзување и откривање
Првите шест месеци од животот се период на брз раст и развој. ...