Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Тоа го докажува и големата студија во која се евидентираат резултатите од анкети со жени од сите раси и континенти. Се покажало дека најмногу жените во Европа и Северна Америка го сметаат раѓањето за страшно и многу опасно и соодветно токму кај нив болката е најголема, а прагот на толеранција најнизок. Најчестите проблеми се поврзани со болката, со здравјето на детето и на самата родилка, како и со тоа колку ќе трае породувањето.
Во многу култури, сепак дарување на живот воопшто не се смета на овој начин, а практиките при самиот породилен процес се сосема различни, ослободени од идејата за страв, болка или срам. Жените имаат слобода да избираат како да родат од почетокот до крајот, каква поза да заземаат, каде да го направат и на кого да му веруваат и претежно го слушаат телото и интуицијата. И нашето тело е на крајот програмирано и создадено за да се породи.
Затоа, дури и без да сфатите, вашето тело се подготвува за раѓање. На пример, кон крајот на бременоста се забрзува размената на материите, се подобрува циркулацијата, се зголемува отпорноста на организмот кон недостигот на кислород за време на контракциите. Срцето и целиот крвен систем се користат за забрзување за да се испорача точната количина на кислород и енергија.
Во последните месеци од бременоста се зголемува и 'рскавичното ткиво, се зголемува еластичноста на ткивата на вагината и флексибилноста на коскените врски.
Се вршат и промени во мозокот, специјални подесувања кои го менуваат нервниот систем што овозможува координација на сите органи и системи во организмот, активно вклучени во крајна фаза, за да се одржи непречено раѓање.Така, целото тело при раѓање генерира енергија, хормони и прилагодувања во матката. Таа станува главно тело во овој момент.
Ако треба да родите, не заборавајте ги овие три причини зошто треба да се ослободите од вашите грижи:
1. Раѓањето кога и да е ќе заврши
Низ оваа фаза поминале милиони жени пред вас, дури и без чуда на модерна медицина, па дури и без посета на болница. Проценето е дека породувањето се одвива многу побрзо од било која вирусна болест и е многу безболно од забоболка, од бубрежна криза или друга физичка непријатност.
2. Вербата во себе и во своите способности помага
Тоа навистина може да направи чуда. Не заборавајте дека вашето тело е паметно, знае што да прави. Исклучете се од размислувањето и оставете се на процесот. Силата и женската моќ се бесконечно.
3. Секоја ситуација има решение
Запомнете дека можете да бидете информирани за се што ви е важно. И кога сте свесни за целиот процес, стравот се топи. Најлоша е грижата за непознатото. Ова може да се избегне само ако зборувате со вашиот гинеколог и читате дополнителни информации.
забава Бремените
Автор: bobik
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...
Превентивни прегледи за жени – што, кога и зошто?
Во свет каде што темпото на живот е брзо, жените често се тие се грижа...
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?