|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Знаете дека сте бремена кога...

Редакција Рингераја, 4.10.2022
13. Додадовте зборови во вашиот вокабулар, кои вашите пријателки (кои не се бремени) не ги разбираат. Но кога зборувате со вашата свекрва, толку завлегувате во дискусија што веќе ви ги раскажала нејзините породилни приказни. Ако не бевте блиски претх
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


  1. Јадењето е екстремна активност. Или ви носи екстремна радост, или сериозно гадење.
  2. Можете да помирисате нешто на радиус од 10 километри.
  3. Одењето на доктор е регуларен дел од  вашиот распоред. Само треба да се поздравите и да дадете примерок од урина.
  4. Пиењето вода никогаш нема да ви биде доста, колку и да сте се напиле.
  5. Мислите дека ултразвучната слика на вашето бебе е најслаткото нешто што некогаш сте го виделе, или личи на вонземјанин кој расте.
  6. Вашето семејство и пријателите повеќе не ве викаат по име. Ви се обраќаат со “Еј мама”.
  7. Луѓето почнуваат да ве гледаат како кршлив пердув и ви отвораат врати дури и кога сте неколку метри подалеку. Половина од вас сака да им каже дека можете сама, но половина од вас се смее и го обожава третманот на принцеза.
  8. За прв пат во животот фокусирани сте на добивање тежина, а не на губење тежина.
  9. Ако во една секунда ви студи, во следната секунда ќе ви биде жешко.
  10. Секој може да го чуе вашето дишење бидејќи звучите како чудовиште кога бебето ќе ве клоцне силно.
  11. Вашето куче и мачка не се одделуваат од вас.
  12. Преспивате преку ден како никогаш, но заборавате да спиете навечер.
  13. Додадовте зборови во вашиот вокабулар, кои вашите пријателки (кои не се бремени) не ги разбираат. Но кога зборувате со вашата свекрва, толку завлегувате во дискусија што веќе ви ги раскажала нејзините породилни приказни. Ако не бевте блиски претходно, сега сте.
  14. Сите ве прашуваат кога треба да се породите. Тоа е прашање кое најмногу го мразите и од кое бегате.
  15. Галењето на стомакот ви преминало во дневна рутина.
  16. Шопингот ви стана толку стресна активност што посакувате да имавте помал избор на бебешка облека.
  17. Никогаш не сте претпоставувале колку можности има за работа од дома.
  18. Вашиот партнер никогаш не бил толку прекрасен и одвратен истовремено.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и со промени што физички и емоционално не се секогаш...
4
Најдобри вежби за болки во грбот во бремен...
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како што стомакот расте, се менува држењето на телото, а...
4
Ананасот може да индуцира породување? Дали?!
Ако сте во поодмината бременост и сакате да се породите, можеби ќе се прашувате дали оваа приказна за старите жени може ...
4
Систематски прегледи во бременоста
Редовните прегледи во бременоста не се само проверка дали бебето расте. Тие се можност навреме да се следи здравјето на ...
4




Анкета

daria
ikipp



da mnogu (29%)

da (30%)

ne bas (29%)

ne (13%)


Број на сите гласови: 91

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!