Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Мајчиното млеко е идеална храна за оптимален раст и развој на децата, а во исто време доењето има и позитивно влијание на здравјето на мајката, физичко и емотивно.
Според глобалната јавна здравствена препорака новороденчињата е потребно ексклузиво да се дојат во првите 6 месеци, со цел да се постигне нивниот оптимален раст, развој и здравје.
Ексклузивното доење од раѓањето е возможно за секој пар мајка-дете, се разбира со исклучок на одредени медицински состојби. Но и покрај тоа што доењето е природен акт, станува збор за нова вештина која е потребно да се научи. Мајката треба да научи да дои, а новороденчето треба да научи да цица, што во пракса не е лесен процес!
Сите мајки може да дојат, но потребно е нивната подготовка да започне уште во периодот на бременоста со давањето на релевантни и достапни информации (едукација). Процесот продолжува во породилиштето, каде со соодветна стручна помош се започнува правилното доење и адаптација. Секако битна е и поддршката од семејството, заедницата и целиот здравствен систем кој што се грижи за парот мајка-дете.
Со тоа мајките доилки би имале пристап до обучени медицински работници кои ќе им помогнат со техниките на доење, превенција и решавање на проблемите поврзани со доењето, а истовремено ќе им ја зголемат и нивната самодоверба, што е многу важно.
Доењето е најдобриот избор за храна на вашето дете. Иако 90 проценти од бремените жени во нашата земја имаат намера да дојат, само околу 30 проценти продолжуваат онолку колку што имале намера. Некои од главните причини што мајката престанува рано да дои се должи на проблемите кои се јавуваат во првите 4 до 6 недели (несоодветна положба и контакт, болка и рагади, застој на млеко, загриженост за количината на млеко и др.). Не е секогаш лесно, но ние сме тука за вас секогаш кога ви е потребна стручна поддршка. Преку нашите едукации ве подготвуваме, ве водиме, и ви помагаме!
Ви посакуваме среќна Светска недела на доењето на сите сегашни и идни мајки доилки!
3
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Исхрана за повеќе млеко, рецепти за доилки
Создавањето на мајчино млеко зависи од повеќе фактори како честотата н...
Листа на испитувања за годишен гинеколошки преглед
Редовните гинеколошки прегледи се клучни за рано откривање на промени ...
Протеински појадоци за трудници со утрински мачнини
Утринските мачнини се чест дел од бременоста, особено во првото тромес...
Како да се справите со постпородилниот замор?
Постпородилниот период е исполнет со радост, но и со големи физички и ...
Јасли, први пријатели на детето или прв стрес?
Прашањето дали јаслите се добри за најмалите деца често ги дели мислењ...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?