|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

bibusot: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 6.8.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: bibusot

Датум на породување: 01.10.2011 година

Тип на породување: природно

Болница: Државна болница Скопје

 

 

   Погледот ми застануваше кај секоја трудница, тоа ми претставуваше неопислива глетка:Погледни ја колку е убава, колку и е слатко стомачето, сигурно се чувствува прекрасно, сакам и јаааас....Тоа беше мојата најголема желба!!!

    Само што се веривме со сопругот јас посакав да си направиме бебенце, среќата заедничка да ни стане потполна, конечно и јас да имам слатко стомаче и да донесам на свет една нова слатка душичка. Околу новогодишните празници воопшто не внимавајќи на плодни, неплодни денови, така како на шега си рековме ајде ке се обидеме, да видиме дали ке ни се насмевне среќата....И така со нетрпение очекував да видам што ке се случи, го чекав месечниот циклус, но ми доцнеше, некое гласче од внатре ми велеше: Да трудна си,успеаааа!!!! И зедов најпрвин тест кој се покажа позитивен. Не му кажав на сопругот и наредниот ден отидов на гинеколог кој истото го потври: Да трудна си, ја гледаш малата точкичка ..е тоа е тоа!!! Бев пресреќна, си појдов дома и веста му ја кажав на сопругот кој исто така многу се израдува!!!

    Бременоста ми помина нормално, се' беше во најдобар ред, месеците си поминуваа, бебето растеше, а јас се дебелеев...Само првите три месеци се' исповратив неколку пати и некои мириси не можев да ги поднесам, останатото беше во ред.

Во 28 (или 24 недела) требаше да примам инјекција бидејќи имав крвна група негатив а сопругот беше позитив, во седмиот месец малку ми падна железото, си земав ферум лек, јадев повеќе овошје и витаминчиња за сето тоа да се регулира. Тоа  за мене беше најжешкото лето, јас како балонче, надвор 40 степени, многу ми отекуваа нозете и рацете, но докторот кажа дека тоа е нормално од жештините и од тежината...Бев пресреќна со моето стомаче и со душичката која растеше во него, си го галев, му пуштав песнички, му шепотев кога навечер ќе останевме сами!!!! Знаев дека во моето стомаче расте девојченце, наша мала принцезичка што ќе ни ги смени нашите животи, а сопругот кога го дознавме полот веднаш кажа и како ќе се вика. Тоа беше наша мала тајна која не ја кажавме никому додека не бидна работата....

Деновите бргу си минуваа, дојдоа и последните месеци, јас целата возбудена уште пред да влезам во деветти месец, имав спремено се. Гардеробичка, креветче, се' што беше потребно за нашата принцеза..мојата торба за во болница исто така чекаше спремна за да се понесе на денот Д.. Имав се подготвено бидејќи требаше да се оди во друг град за породување, некако најсигурно со мојот гинеколог се договоривме да си појдам во Скопје. Влегов и во деветти месец. Бев поправена околу дваесетина килограми, движењето ми беше веќе отежнато.....тоа беа слатки маки, но си мислев вреди, ајде издржи уште малку и принцезата ке пристигне...терминот ми беше на 10.10.2011.

      На 29.09. забележав на гаќите кафеав исцедок. Целата се испаничив, го повикав сопругот од работа и заминавме во болница. Ме прегледаа докторот и кажа дека веќе грлото на матката почнало да омекнува, ме стави на ЦТГ ама не покажуваше ништо, не врати дома и ни кажа при некоја промена или кога ке почуствувам болка повторно да појдам... Утредента станав порано, немав никакви болки, но се чувствував изморено, ме фаќаше с'клет, место не ме држеше па повторно појдов на доктор. Ме стави пак на ЦТГ ама немаше никаков знак на болка, ме прегледа и повторни ме врати. Целиот ден си одморав, си велев уште е рано, има уште 10 дена. Вечерта се спремавме со сопругот да одиме да шетаме, но пред да излеземе пак забележав кафеав исцедок. Заминавме повторно во болница, дежурна сестра ме прегледа и ми рече: Да,отворена си веке околу три сантиметри, процесот е отпочнат...Срцето ќе ми застанеше од возбуда, дури тогаш сфатив колку се плашам, се помолив на Господ да биде со мене и моето ангелче.

Отидовме набрзина до дома по торбиците за мене и бебето а дотогаш амбулантната кола беше спремна за тргнување. По пат не чувствував никаква болка, ептен нешто минимално. Стигнавме во државна, повторно ме прегледаа бев три сантими отворена и ме примија на патолошка. Тоа беше околу девет часот вечерта, се сместив, се поздравив со маж ми, а срцето во тој миг ке ми застанеше и само плачев...

Околу единаесет вечерта ми почнаа маките, почнаа болките....најпрво на половина час, па на петнаесетина минути, па на неколку минути тоа траеше цела ноќ. Тоа беа неиздржливи болки, го повикуваа докторот три пати ,ќе ме прегледаше и ќе речеше само уште е рано... Јас веќе почнав да се губам, не се издржуваше...се грчев во креветот и чувствував дека не можам повеќе...Утрото околу шест часот повторно ме прегледаа и ми кажаа дека сум шест сантиметри отворена и дека може да ме преместат горе кај породилните сали. Таму кошмар, првата глетка ми беше жени како се виткаат и викаат од болка. Ме сместија, а јас чувствував дека веќе ги губам и последните сили од болка...Околу осум часот дојде доктор, ме прегледа, ми го пукна водењакот бидејќи сам не ми пукна, ме приклучија  на инфузија, тоа беше кошмар, се виткав и викав од болка, беше неиздржливо... Околу десет ми ставија и инјекција спазмекс, болките се појаки, си мислам ќе умрам, готово и одеднаш почувствував и почнав да викам излегува, излегува, почувствував како турка со главата...Веднаш ме качија на бокс, ми рекоа кога ке ми дојде болка да туркам и така бидна, со два напони му излезе главата, а после со уште еден напон и со сечење од докторот кое не го ни почувствував од другите болки излезеееее моето бебе, излезе мојата принцезааа...

Плачев од болка и среќа, ја видов на кратко и ја однесоа, а мене продолжија да ме шијат. Имав околу дваесетина конци, лудница!!! Кога заврши сето тоа, му се јавив на сопругот да му ја соопштам радосната вест со последниот атом на сила!!!!

   Со бебето, со мојата ќеркичка најмила беше се во ред освен што се роди малечка 2380 грама, мамино црвче!!!!Во болница не задржаа три дена, јас имав болки, ми се појавија и хемороиди од силниот напон, катастрофа!!!Кога си појдовме дома, не можев ни да седнам од раната ни да легнам, од болка не можев како што треба да му се израдувам на бебенцето!!!Но сето тоа помина, не можам да кажам дека тоа се заборава, цел живот ќе ги памтам тие болки, но вредат, затоа што на свет ке донесеш едно мало ангелче, душа најмила што ни го разубави животот, една мала принцеза која ја крстивме Јана и која е најслаткото бебенце на овој свет!!!

  Сега имаме полни девет месеци и една недела, се смешкаме, имаме веќе четири запчиња, ручкаме, гугаме, се гушкаме и само можам да кажам кој не ја почувствувал оваа среќа што побргу да ја почувствува зошто мајчинството е нешто најубаво на овој свет!!!

Те сакам МАМИНООО, ТИ БЛАГОДАРАМ ШТО МЕ НАПРАВИ НАЈСРЕЌНА МАЈКА, БИДИ МИ ЖИВА И ЗДРАВА!!!

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 

 


 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Секс во бременоста, како да се расположите?
Сега кога сте бремени апстинирате со секс? Иако и ова е сосема нормално, има придобивки од сексот за време на бременоста...
3
Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
3
Јога вежби за опуштање на грбот
Следниве две јога-вежби за кратко време, поради самата поставеност на телото, ја штедат енергијата, ја опуштаат мускулат...
3
Флуорот во борбата против забниот кариес
Во превентивата против забниот кариес најголемо место им припаѓа на флуоридите. Флуорот во организмот се наталожува во к...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?