namesp во 10:12
Бебето се роди. ЗОШТО СУМ тажна?
Редакција Рингераја, 5.2.2015
Ќе бидам ли добра мајка?
Ќе можам ли да се грижи за своето бебе?
Ова се само некои од стравовите кои ги загрижуваат мајките по раѓањето на бебето и кои лесно предизвикуваат тага и тивок немир.
Но, во реалноста, лошата состојба на духот по раѓањето е нешто што се среќава многу често: многу жени се тажни и им се плаче во првите денови по доаѓањето на бебето. Ова се случува затоа што мајката одново доживува потешкотии при адаптирањето кон оваа кардинална промена - веќе стана мајка, има дете - едно мало беспомошно човече, за чиј живот одговара таа.
Процес на адаптација
Постпородилна тага - така се нарекува оваа блага форма на породилна депресија. Специјалистите ја дефинираат како едно привремено нарушување кое се појавува од два до четири дена по раѓањето и исчезнува сама од себе по околу две недели.
Како се чувствува мајката во оваа фаза?
Мајката чувствува постојано загриженост, се појавува несоница, замор, раздразливост, чувство за беспомошност.
Ова е психолошки процес на адаптација кон новите промени. Заради оваа фаза многу жени чувствуваат вина и срам и се чувствуваат осамени и обесхрабрени, кога се претпоставува дека треба да се среќни и насмеани заради раѓањето на бебето и обично кријат што чувствуваат. А тоа е погрешно. Мајките треба да зборуваат за своите чувства со блиските и, ако е потребно, со специјалист.
Промена во начинот на живот
Оваа необјаснива тага се појавува во еден толку динамичен период, како овој непосредно по раѓањето. Потребно е да изброиме само неколку околности по породувањето, за да се убедиме дека е сосема логично да се чувствуваме тажни, вознемирени и исцрпени.
Промените во телото не се неважни – почнувајќи од стриите и опуиштената кожа, па се до некои неизбежни последици: нагло се менува нивото на хормоните; матката се намалува од 1 кг до 70-100 гр., односно се враќа во нормала состојба; поминуваат 2-3 недели, додека се нормализира уринарниот тракт.
Ритамот на спиење се менува целосно - сега веќе зависи од потребите на бебето и од неговиот ритам.
Начинот на живот се менува драстично - деновите минуваат во доење, менување на пелени, колики, итн
Има и некои приватни околности: ако мајката имала многу тешко раѓање: недостаток на самодоверба; недоволно помош од таткото или други блиски луѓе, од кои имате потреба итн
Што се случува со хормоните?
Многу професионалци одговорноста за ваквата состојба кај мајката ja припишуваат на хормоналните промени, типични за периодот веднаш по раѓањето.
Но, иако нивото на естрогенот и на други хормони кои влијаат на емоциите, се намалуваат значително во текот на овој период, не се откриени големи разлики помеѓу хормоналните нивоа на жени кои страдаат од постпородилна депресија и жени, кај кои нема присуство на таква. Едноставно е можно некои жени да се почувствителни од други и потешко да се прилагодуваат кон промените.
Како да си помогнете?
- Најважна е помошта на вашиот партнер - вниманието и нежноста од страна на таткото влијаат многу позитивно на загрижената и тажна мајка. Најдете време кое ќе го поминувате заедно во грижата за бебето.
- Избегнувајте собирање на луѓе - посетите на блиските и пријателите, кои сакаат да ве видат вас и вашето бебе, може да бидат доста пријатни, но се и многу исцрпувачки и земаат од драгоценото време за семејна интимност, токму кога тоа ви е крајно неопходно.
- Побарајте помош за дневните обврски – помошта од некоја од бабите за по неколку часа во текот на денот, барем во првите неколку дена, нема да биде излишна.
- Контакт со други мајки - разговарајте со луѓе кои имаат слични проблеми како вашите, бидејќи тоа дејствува многу смирувачки.
- Можете да побарате помош и од специјалист, кој ќе ви даде совет како да се справите со тагата.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Не се препорачува употреба на стојалките, посебно не на оние во кои бебето само со врвовите од прстињата го достигнува п...

Бебето излегува од стомакот со замаглени очи и збунето се обидува да сфати каде е. Повеќето луѓе претпоставуваат дека ту...

Познавам многу мои другари што работаат како ПРОДАВАЧИ во аптека“. Зошто напишав ПРОДАВАЧИ со големи букви? Исто така, г...

Да ни ги стопли ладните ноемвриски денови, силно нека блеска оваа ноемвриска ѕвезда
