|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Баба знае – како што никој друг не знае

Редакција Рингераја, 12.6.2025
Во време на паметни телефони, брзи одлуки и уште побрзо заборавање, останува едно сигурно место каде животот тече побавно и среќно – во кујната, прегратката или зборовите на баба.

image
Баба и внука
/11


Нејзината мудрост нема „гаранција“ со печат, но има тежина што ниеден Google резултат не може да ја понесе.

Нејзиното знаење не доаѓа од книги

Баба нема диплома за родителство, но знае точно кога едно дете е гладно, а кога му е само тешко на душата. Не знае што значи „емотивна интелигенција“, но ја поседува во секоја клетка. Не користи термини како „медитација“, но ја практикува додека меси тесто во тишина, без брзање.

Баба не нуди решенија, таа те насочува

Кога ќе и се пожалиш, таа нема веднаш да даде совет. Ќе те погледне со тишина. Ќе те понуди со супа. Ќе каже: „Остави да прележи.“ И баш таа реченица, толку едноставна, ќе те смири повеќе од 100 мотивациски цитати на интернет.

Сеќавања што не се бришат

Детството кај баба мириса на пита што ја сече со конец, на шепоти со грејна ламба и на зимски денови кога таа ве покрива иако веќе сте покриени. Тоа не се само спомени – тоа се темели. Затоа велат: ако си имал баба што те сакала безусловно, имаш вградено чувство на сигурност до крајот на животот.

Старомодно, но засекогаш точно

Можеби ќе ви каже дека не се оди на гости со кратки ракави во зима. Или дека не се носи леб наопаку. Ќе ве прекори ако не сте јаделе доволно. Ќе ве праша зошто сте слаби или зошто сте премногу слаби. Но зад сите тие ситници стои нешто едноставно: грижа што не бара ништо за возврат.

Баба знае што ни фали и кога ние не знаеме

Таа знае кога треба да ти го допре образот, кога да те остави на мир, кога да ти даде паричка „тајно“, и кога да ти каже: „Не се секирај, ќе помине.“ Не затоа што има решение за сè, туку затоа што нејзиниот глас сам по себе лечи.

 

Баба знае најдобро, не затоа што е безгрешна, туку затоа што сака со сè што има. И тоа е знаење што не застарува.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Која храна не се препорачува во првата год...
Постојат намирници кои не се препорачуваат сe додека бебето не наврши барем една година. Дигестивниот систем на бебињата...
3
Раст на заби
Што се млечни заби и кога се појавуваат?
3
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата и општата благосостојба на детето. Еве неколку клу...
3
Задолжителни работи за бебиња
Подготвени за доаѓањето на најмалото срце во домот? Дојдено е време за најубавата животна улога – родителството. Но, со ...
3




Анкета

pomognete mi koe ime da go odberam
Tanja84

koe ime e poubavo

ana (40%)

ina (24%)

eva (36%)


Број на сите гласови: 287

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!