|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Баба, која повторно стана мајка на 53`

Редакција Рингераја, 25.1.2012
На 53-годишна возраст, Деби Хјуз се замислуваше со внучиња во раце. Но стана мајка!

image
/11


 

 

И покрај тоа што пиела контрацептивни пилули, таа стана една од најстарите мајки во Велика Британија, кои зачнале по природен пат.


Госпоѓа Хјуз зела тест за бременост откако нејзиното семејство почнало да ја зафркава затоа што ставила на тежина и имала чуден сјај во очите. По читањето на позитивниот резултат на тестот за бременост не можела да им верува на очите, па ставила очила.


Експертите за плодност го опишале нејзиниот случај како извонреден!


“Родив три деца и мислев дека тие денови за мене завршија. Земав контрацептивни пилули заради сигурност, но никогаш не ни помислував дека можам да забременам “.


“Јас сум баба и сакам да се грижам за своите внуци. Никогаш не мислев дека повторно ќе се грижам за свое бебе.”
Госпоѓа Хјуз има два сина, Марко 26. и Брендон 11. години. Нејзината ќерка Хајли загина трагично само една недела пред нејзиниот 18. роденден. Баба е на две внуки, Лидија и Никол.


Нејзините сомнежи за бременост започнале во март, минатата година, кога веќе била во петтиот месец на бременост.


“Марк забележа дека мојот стомак е малку испакнат и почна да се шегува со мене дека сум ставила на тежина и дека можеби сум бремена. Тоа ми се чинеше невозможно, бидејќи имав редовни циклуси. Мислев дека купувањето на тест за бременост е фрлање пари, но кога се покажа позитивен, не можев да им верувам на своите очи. Излегов и купив уште три тестови за да бидам сигурна.”


По информирањето на нејзиниот гинеколог, Мис Хјуз отишла на ултразвучен преглед. И покрај тоа што сите биле загрижени, таа имала школска бременост, без никакви компликации.
И покрај јазот од 11 години, на госпоѓа Хјуз не и било потребно долго време за да ја почувствува магијата на мајчинството. “Чувството што држам свое дете во раце на 53 години беше неверојатно. Го имав истото чувство како и за другите мои деца. Повеќе се заморувам од порано, особено во текот на ноќта. Но уживам во улогата на мајка која ми е од Бога дадена”.


Марк Седлер, консултант за плодност во Клиниката за гинекологија и акушерство вели:”Да се роди бебе на оваа возраст, без третмани за плодност, е навистина фасцинантно. Шансите се речиси исти колку и да се добие на лото!”

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што се случува во третата недела од бремен...
Третата недела од бременоста е момент кој често создава конфузија, бидејќи медицинското сметање на бременоста започнува ...
6
Како изгледа позитивен и негативен тест за...
Домашниот тест за бременост е еден од најбрзите начини да дознаете дали сте бремени. Тој го открива присуството на хормо...
5
Храна и лекови – комбинации кои не се преп...
Кога земаме лекови, често мислиме дека само дозата и времето се важни. Но она што ретко го земаме предвид е што сме јаде...
4
Девет неверојатни месеци
Дали знаевте дека во третиот месец од бременоста рацете на бебето се подолги од неговите нозе? Дали сте знаеле дека во п...
4




Анкета

.
Jana9

Dali gi nosite vasite milenicinja na Veterinar?

Da (0%)

Ne (100%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!