|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

атлантида: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 18.6.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: атлантида

Датум на породување: 01.08.2010

Тип на породување: природно

Болница

 

 

     Да донесеш ново битие на свет, дефинитивно е најголемото чудо кое се случува во овој наш живот ваков каков што го познаваме и живееме. Моментот кога стануваш мајка е момент кој не за џабе рекле дека не може да се опише со зборови, интензитетот на болка и радост во тие моменти кога животот излегува од тебе се на ниво на кулминација и само тогаш, да, само тогаш вистински ги осознаваш. Мигот кога болката е најсилна  е миг во кој самата себеси нема да се препознаеш, тогаш немаш свесност за тоа која си,  помислуваш дека твоето тело не е создадено да поднесе таква болка и мислиш дека ќе умреш или посакуваш да умреш за да престани се' веќе еднаш, за веднаш потоа таа мисла да ја снема, зашто ти знаеше дека тој миг ќе дојде еден ден во твојот живот зашто си се родила како жена, а особено свесна стануваш за доаѓањето на мигот во тие 9 месеци кога животот растe во тебе  и се плашиш од него, од мигот, о да, секој ден се плашиш од него, а интензитетот на  стравот е правопропорционален на изминатото време, броени денови, 270 на број. И ете, ти се наоѓаш во мигот, се соочуваш со него очи в очи, разумот и свесноста ги поматила болката, но ти си свесна за мигот, го препознаваш и знаеш дека тој уште малку ќе помине, па ќе биднe чудото! Ах, чиниш на живо утробата ти ја вадат, кичмата ти ја тргаат од долу од опашката, карлицата ти ја отвораат, се обидуваш да се сконцентрираш на дишењето, вдишуваш силно па кога најмногу те боли напнуваш, и повторно, и повторно, ајде, па во книгите така пишува дека треба по ѓаволите!  Ајде, ете ја главата ѕирка, ајде уште еднаш, последен пат нека биде, нека бидне чудото! И би чудото! Како да се слизна од утробата, болката ја снема како никогаш да не постоела и се слушна плач…

     Го видов таму на 2 метра пред мене тоа модро и крваво мало тело, еј какво е си реков, беше во мене 9 месеци ама сега првпат се запознаваме. Па јас те сакам,  првпат те гледам, а веќе те сакам. Ти си мое, не знам зошто, ама ме направи најсреќната личност на планетата, а сеуште не си направило ништо друго освен што ми предизвика болка каква не сум знаела дека постои. Како да сум програмирана веднаш да те засакам штом ќе те видам. Ете, станав мајка. Мајка - колку тоа гордо звучи. Една мисија во мојот живот се оствари. По 1,5 година, повторно донесов ново битие на свет,  некој ќе рече дека повторно станав мајка, но јас веќе бев мајка, зашто мајката како ентитет се создава првиот пат кога ќе донесе на свет дете,  не станав повторно мајка, зашто тоа веќе бев.

Посветено на моите деца Горјан и Деница

 

 

Рингераја им посакува среќно детство на Горјан и Деница !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
5
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Болки – знак дека треба да го сослушате св...
Болката е непријатно чувство и една од најчестите симптоми на болест. Преку неа нашето тело не предупредува дека нешто н...
4
mamicka77: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?