|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Arijam: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 17.6.2013
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Arijam

Датум на породување: 02.05.2013 година

Тип на породување: природно

Болница: Германија

 

29 април 2013 година, ден кој со месеци го очекував, ден кој со месеци го сонував, ден од кого се плашев и ден за кого мечтаев. Тој ден беше терминот ѕа породување. На 29-ти април немав никакви болки, бевме со мојот сопруг на преглед кај гинекологот, ЦТГ-то беше мирно, малото ангелче спиеше. Тогаш бев уверена дека морам да чекам уште, неизвесноста растеше, не можев да издржам од што толку многу сакав да го имам на гради моето „мало“. За „моја среќа“ и не чекав премногу. На 1-ви мај, ден како и секој обичен ден, си помина некако, се спремавме да си легнеме, никогаш порано не бев толку расположена и весела како таа ноќ. Само што легнав, во 12.30 часот почна да ми истекува плодова вода. Прва бременост, цели девет месеци се распрашував како ќе познаам дека плодовата вода истекнува, таа вечер дознав. Станав од креветот, плодовата вода постепено истекуваше, во мали количини, застанав, чекав да помине, стоев во ходникот од станот потпрена на даската за пеглање (тој ден си ги исправ и испеглав завесите), си стоев така и милион мисли почнаа да ми минуваат во главата. Чувствував како ме обзема возбуда, како со секоја капка што истекуваше од плодовата вода, моите чувства се менуваа. Паника, радост, страв, среќа.. се минуваше во мојата глава.. Сепак останав “прибрана“ со мислите и насмеана на лицето. Додека сопругот, ах тој и ден денес мислам дека тој беше повозбуден од мене. Живеам во Германија, се јавивме во болница да прашаме дали треба сами да дојдеме или ќе пратат амбулантна кола. Им ја објаснивме ситуацијата, за мое олеснување ни кажаа дека може да си дозволиме уште кратко време заедно дома и да се јавиме сами во болница во Породилниот Центар. Така и направивме, се истуширав, ташната со личните работи која веќе 4 недели однапред си стоеше спремна и си чекаше, си ја зедов и тогаш заминавме двајцата, сами.. секој со својата мисла во глава. Болки немав, тогаш не ни знаев какви болки треба да имам, со кој интензитет, јачина, времетраење, не знаев всушност какви се тие „породилни болки“. Стасавме во Центарот, одма ме прегледаа, не бев сеуште отворена, часот беше 3 после полноќ, мене ме испратија во соба, а сопругот го испративме дома да се одмори неколку часа, бидејќи знаевме дека не очекува голем момент. Стасав во собата, мало креветче таму ме пречека одма до мојот кревет. Беше празно, го пипнав, го гледав и очајно сакав да си го видам моето ангелче таму. Но знаев дека треба да чекам. Така и се случи. Си чекав, лежев и чекав болки. Како поминуваше ноќта, болки јаки немав, ама на секои 20 минути добивав слаби контракции кои почнуваа од половината па накај стомакот напред. Беа кратки со краток интензитет. Утрото отидов повторно на ЦТГ преглед, пак беше мирно, сеуште не бев отворена. Го минав цело претпладне гледајќи во креветчето и чекајќи болки. Околу 16 часот, почувствував дека болките од слаби почнаа да стануваат појаки, ама сеуште со времетраење од 20 минути. Му се јавив на сопругот да дојде, почнав да чувствувам дека „моментот“ се приближува. Во 16.45 часот повторно отидов на ЦТГ запис, овој пат со сопругот. Како станав од креветот, почувствував дека потешко ми е движењето, половината се повеќе и повеќе ме болеше додека се движев накај собата за ЦТГ. Ме приклучија на апаратот, останавме со сопругот сами и двајцата гледавме во листот со записот, дали конечно ќе ги видиме „брановите’. После 10 минути, почувствував многу јака болка во половината и за прв пат го осетив напонот. Тогаш знаев. Тогаш знаев дека завршило првото породилно време, дека почнува второто породилно време, испискав што од паника, што од болка, што од возбуда, му реков на сопруго под итно да ја викне бабицата, јас почнав да „раѓам“. Веднаш дојде бабицата, го погледна записот, ме прегледа, рече „време е“, отворена си скроз, одма ќе те префрлиме во породилната сала. Не станав од креветот, ме "истуркаа" до породилната сала, таму ме чекаше кревет, кој што беше удобен, ме префрлија на креветот тогаш погледнав на ѕидниот часовник беше точно 17.05 минути. Јас, бабицата и сопругот сами во собата. Сите тројца чекавме. Колку беше само возбудливо, во момент доаѓа напонот, болка неиздржлива, со таа болка и го чувствував движењето на малото ангелче. Неколку пати ме префрли бабицата на едната па на другата страна да лежам секогаш со една крената нога. Така и раѓав. Време на контракција-напон, време на мирување длабоко дишење. После 2 часа, точно во 19.02 часот се слушна плачот. Незаменливо чувство, го видов моето мало „марсовче“, ми ја соблекоа маицата која што ја носев и одма ми го дадоа во раце. Си го ставив на градите, од среќа почнав да плачам, сопругот не прегрна и само ми се заблагодари на прекрасниот дар што му го подарив тој ден. После 5 минути уште еден напон, за третото породилно време, со плацентата беше се во ред, целосна. Дојде доктор, гинеколог да ме „санира’ ми беше извршена изотомија. Останвме во породилната сала уште 2 часа, лежев со најмалото и најсаканото суштество во раце и мажот кој неизмерно го сакам покрај мене. Преубаво чувство. После 2 часа не префрлија во собата, креветчето не беше празно, конечно моето ангелче го исполни. Ноќта не можев да заспијам од преголема возбуда. После 3 дена си заминавме дома.

Во моментот, го пишувам текстот, малиот Теодор спие до мене, а мене морници ми поминуваат низ телото, не од страв, туку пак од преголема возбуда што повторно после 1 месец се потсетив на мојот породилен ден.

 

Рингераја му посакува среќно детство на Теодор!

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Танц на контракции!
Неверојатно, но вистинито. Видеото е снимано од докторката во една болница, каде една кул мајка, чекајќи да се породи иг...
5
Акни во бременоста - носите момче или дево...
Жените доживуваат сосема нов свет на промени кога се бремени. Една од овие промени може да бидат акните во бременоста
4
Тежината на трудницата по неколку недели о...
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?
4
Знаци дека сте бремена со момче: дали се в...
Кога сте бремени, вие и вашето семејство сте љубопитни да го знаете полот на бебето. Оваа љубопитност, со текот на генер...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?