namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Кампањата ќе се води во тек на целиот месец Април (прогласен за месец на аутизмот во РМ) и е во соработка со семејниот интернет медиум РИНГЕРАЈА и подршка на Волонтерскиот Центар Скопје, а како подржувачи и покровители се јавуваат голем број истакнати компании од бизнис секторот во РМ, потоа амбасадори на странски држави во РМ, државни институции, министерства, научни и културни работници, медиуми, како и високиот претставник на ЕУ г-нот Аиво Орав и г-ѓата Маја Иванова. Целите на оваа кампања се подигнување и зајакнување на јавната свест за постоењето на проблемот со аутизам, како и едукација и поблиско информирање за овој проблем, неговата фреквенција, рана дијагноза и третмани.
Централниот настан ќе се одржи во Skopje City Mall на 2-ри Април со почеток во 17:00 часот со пригодна програма и настап на дечиња од ПОУ Иднина, ПОУ Д-р Златан Сремац, ПОУ Маца Овчарова од Велес, Златно Славејче, балетско студио Ребис, пријатно изненадување за лицата и семејствата со аутистичен спектар и обраќање на високи претставници од институции, амбасади како и родители со дечиња со аутизам. Своето присуство го најавија и старите пријатели на здружението, мото клубот НОЌНИ ВОЛЦИ, а дечињата ќе ги анимира и маскотата на Sparkasse Банка со пригодни подароци. Завршно ќе биде сложување на сложувалката-симбол на аутизмот која ќе ја сложат дечињата со помош на ракометарите на Металург, пропратено со делење и пуштање на сини балони (бојата на аутизмот).
На самиот ден, 2-ри Април здружението ВО МОЈОТ СВЕТ ќе го осветли Археолошкиот музеј во сино и така уште еднаш ќе ја вклучи нашата држава во светската кампања LIGHT IT UP BLUE кога за меѓународниот ден на аутизмот ширум светот истакнати објекти и знаменитости на градови и држави се осветлуваат во бојата на аутизмот и со тоа ја изразуваат подршката кон лицата со аутизам.
Во рамките на кампањата „Еден свет за сите“ во тек на цел Април ќе се одржат повеќе креативни работилници, округли маси, дружење и прошетка на дечињата и семејствата со аутистичен спектар, настап и дебати по медиумите, печатени флаери и плакати и медиумска покриеност на настаните како во пишаните и електронски медиуми така и на страниците на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ и РИНГЕРАЈА. Настаните ќе се одвиваат во трите шопинг центри Skopje City Mall, Рамстор и Капитол кои ќе бидат брендирани со логоата и плакатите од кампањата и како и активности во Зоолошката градина-Скопје. Во кампањата се вклучува и спортскиот клуб „Roots BJJ Centar“ од Скопје кој овозможува бесплатни тренинзи за децата за бразилско џиу џицу и џит кун до, вежби за психомоторна реедукација, со соодветна програма адаптирана на секое дете индивидуално, во зависност од неговите можности и способности.
Значи престои месец на интензивна работа, соработки и настани преку кои уште еднаш здружението ќе испрати порака до македонската јавност за постоењето на овој проблем и неопходноста од преземање напори и активности за негово сузбивање, како и покажување на општествената одговорност на сите субјекти кон оваа категорија на наши сограѓани.
По тој повод здружението ВО МОЈОТ СВЕТ и РИНГЕРАЈА ве покануваат на заедничка дружба и соработка за одбележување на овој ден кој се одбележува ширум светот.
За подобро утре-„Еден свет за сите“...
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Летот со авион за некои деца може да биде вистинско возбудливо доживув...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?