Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Настанот, ги собра на едно место граѓаните, здравствените работници, семејствата, соработниците и истиот имаше двојна цел - да се одбележи 35-годишнината од Варус и да се нагласи важноста за препознавање на симптомите поврзани со нарушувањата на тироидната жлезда, состојба која често останува недијагностицирана, но со сериозни импликации врз целокупната благосостојба.
Самиот наслов на споменатото случување е креативно и симболично осмислен и именуван по обликот на тироидната жлезда, која честопати е споредувана со пеперутка.

Дел од патеката во градскиот парк на главниот град, беше трансформирана во уметничко едукативен приказ, каде посетителите имаа можност да следат патека украсена со шарени инсталации на пеперутки, секоја со симптом или факт поврзан со здравјето на тироидната жлезда.

По патот, тие наидоа на:
- Интерактивен штанд кој нудеше медицински совети од специјалисти и семејни лекари
- Фото зона со голема метална инсталација на пеперутки
- QR код за онлајн проверка на симптоми
- Едукативни игри и забавни активности за сите возрасти
- Лични форуми со одговори на прашања како „Здравјето за мене е...“ и „Лек за добро расположение е...“
Атмосферата беше дополнително збогатена со изведба на музички перформанс, нудејќи им на посетителите не само знаење, туку и сензорно искуство кое го поврзува здравјето со емоциите и креативноста.

Што се однесува до организаторот, Варус е компанија основана во 1990 година, која по 35 години прерасна од домашен дистрибутер, во регионален лидер кој работи во Македонија, Албанија и Косово, со портфолио кое опфаќа лекови, хемикалии, лабораториска опрема и медицински помагала. Компанијата е водена од длабоко вкоренета посветеност на квалитет, иновации и општествен придонес.

Како дел од својата стратегија за корпоративна општествена одговорност, Варус продолжува да поддржува иницијативи кои ја едуцираат и ја оспособуваат јавноста, особено во областите на превентивно здравје, а една од нив е токму оваа која се одржа викендот зад нас (на 22 јуни во Скопје).
„Проверете ја вашата тироидна жлезда – за себе, за вашите најблиски“ и „35 години Варус – посветеност на здравјето“ беа двете централни пораки што одекнуваа низ целиот настан.

„Патека на пеперутките“ претставува прекрасен потсетник дека свесноста за здравјето, заедницата и корпоративната одговорност можат да се здружат за да направат вистинска разлика.
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно пог...
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)