Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Главоболката е исклучително чест проблем во модерната сегашност. Секојдневниот живот е натоварен со многу одговорности. Често мечтаеме за мирен и едноставен живот во природа, во мала куќа со градина, но додека сонуваме нашата глава боли застрашувачки. И пиеме ли пиеме лекови против болки, а болката продолжува.
Дали некогаш сте размислувале зошто главата продолжува да ве боли, и покрај напорите да ја намалите болката и покрај лековите кои ги земате? Често се случува, да земаме се посилни лекови, само и само болката да престане. Но некако таа повторно се појавува!
Мигрената не е невообичаена појава во денешно време. Милиони луѓе во светот страдаат од оваа тешко поднослива состојба, што може да се покаже како доста штетна, дури и повеќе отколку што мислите.
Мислите дека е од напрегање
Да, и тензиите имаат голем удел во оваа работа, но не е примарен. Луѓето кои страдаат од мигрена и често силна главоболка се навикнати да земаат лекови при првите симптоми. Толку се навлечени на апчињата за главоболка што не оставаат можност организмот да се справи сам со болката.
Докажано е дека колку повеќе апчиња против болки се земаат, толку болката станува потешка. И не е само заради зависноста од лекарства. Мозочните хемикалии играат голема улога во справувањето со главоболката, но заради лековите овие механизми им се отежнати.
Научниците докажаа дека ако се избегне употребата на лекови против болки за подолг временски период, грчевите и интензитетот на болката се намалуваат и главоболките се случуваат се поретко.
Ги обвинувате синусите
Многу луѓе мислат дека главоболката им доаѓа од синусите. Преземаат мерки против синузитис, се обидуваат да го исчистат секретот од носот, кој всушност не постои, а главата продолжува да ги боли.
Во едно истражување спроведено врз 2991 возрасни, кои сметале дека имаат синузитис, се покажа дека кај 88% од нив главоболката се должи на мигрена. Затоа пред да одлучите сами за причината за главоболка и да донесувате погрешни мерки, консултирајте се со лекар, за да најдете соодветно лекување што ќе ви ја ублажи болката.
Претерувате со кофеинот
Кофеинот е пријател на луѓето кои страдаат од главоболка. Неговото дејство ја ублажува болката. Токму поради тоа тој е и главна состојка во многу лекови против мигрена.
Но по поминувањето на дејството, крвните садови отекуваат повторно, што може да доведе до враќање на симптомите со уште поголема сила, бидејќи надразнетите нервни завршетоци стануваат уште повеќе чувствителни.
Секако, не треба да се претерува со кафето. Една-две чаши на ден се сосема доволни.
Премногу загриженост, премалку вежбање
Физичката активност е во основата на борбата со главоболката. Многу луѓе ја испуштаат физичката активност, бидејќи се чувствуваат премногу изморени од секојдневниот стрес. Тоа ги затвора во маѓепсан круг, кој спречува болката да помине.
Рутината на сонот ви е нарушена
Ако не ја добивате потребната доза на здрав сон, ако спиете немирно и најмногу – легнувате во кревет во различно време секој ден, не очекувајте аналгетиците да ви помогнат за главоболката. Мозокот има потреба од определено време за одмор и тоа во исти периоди од времето.
Само преку рутина и доволно време за спиење можете да се справите со нападите на главоболка.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?