|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто бебињата во Африка не плачат?

JC Niala, 1.4.2014
Родена сум и израснав во Кенија и на Брегот на Слоновата коска. Од својата 15-та година живеев во Велија Британија. Меѓутоа, секогаш знаев дека своите деца (кога и да ги добијам) сакам да ги израснам дома, во Кенија...
Клучни зборови:

image
/11


 

И да, мислев дека ќе ги имам. Јас сум современа африканка со две факултетски дипломи и четврта генерација на жени кои работат, но кога се децата во прашање, јас сум типична африканка. Претпоставувате дека ќе кажам оти без деца не сте потполни, дека децата се благослов кој не смее да се пропушти...

Всушност, тоа прашање не се поставува воопшто.

 

Забременив во Велика Британија. Желбата да се породам дома беше толку силна што го продадов својот објект, се преселив дома и започнав со нова работа, пет месеци откако дознав дека сум бремена. Го направив она што повеќето трудници во Велика Британија го прават: жедно читав, иако мојата баба ми велеше дека се што треба да правам е да го “читам” своето бебе.  Во се' што прочитав пишуваше дека африканските бебиња плачат помалку од европските. Ме интересираше зошто. Кога си дојдов дома, почнав да следам.

Барав мајки и деца и ги имаше насекаде, макар што малите бебиња, до 6 недели, претежно беа дома. Првата работа која ја забележав беше и покрај тоа што мајките беа насекаде, многу тешко можеше да се види кенијско бебе. Обично се неверојатно добро замотани и пред да ги изнесат од дома се врзуваат на мајката, а понекогаш и на таткото. Дури и постарите бебиња прицврстени на грбот се заштитени од околината со големо ќебе. Би биле среќни ако забележите екстремитет, а камоли око или нос. Замотувањето на бебето обично потсетува на престојот во мајчината утроба. Бебињата се буквално вчаурени за да се заштитат од стресот на надворешниот свет.

 

1

 

Од друга страна ја набљудував културата. Во Велика Британија се подразбираше бебињата да плачат. Во Кенија беше обратно – се подразбираше бебињата да не плачат. Ако плачат – нешто навистина е лошо и мора веднаш да се преземе нешто за да им се помогне. Мојата золва, која е од Англија, добро рече: “Луѓето овде навистина не сакаат бебињата да плачат, зар не?”

Се' доби смисла кога се породив и кога дојде баба ми на село да не посети. Се случи моето бебе многу да плаче. Исцрпена и уморна, заборавив се' што некогаш сум прочитала и понекогаш заедно плачев со бебето. Сепак, решението за мојата баба беше едноставно “Дои го бебето!”. Тоа беше нејзиниот одговор на секое плачење на бебето. Понекогаш плачеше заради мократа пелена, или заради тоа што го оставав во креветчето, или затоа што требаше да подригне, но во повеќето случаи сакаше да цица. Не е важно дали се хранеше, или само уживаше во моментот. Повеќето време ја држев во раце или спиев со неа, па ова беше логична последица на тоа што го правевме. Изненадно ја сфатив не толку тешката тајна  на радосната тишина на африканските бебиња. Тоа беше симбиоза на задоволување на едноставните потреби, за што не ви е потребно да знаете што треба да правите, туку да делувате според потребата во моментот. Факт е дека моето бебе јадеше многу – многу повеќе отколку што некаде прочитав за тоа и барем пет пати повеќе од најточните календари за исхрана.

На околу 4 месеци, кога доста урбани мајки почнуваат да воведуваат цврста храна, како што насоките препорачуваат, мојата ќерка се врати во стилот на новороденче – доење на секој час, што беше тотален шок. Во текот на следните четири месеци времето помеѓу подоите полека почна да се зголемува. Дури и почнав да работам со пациенти без моите гради да течат и без јавувањето од дадилката која ме прекинува во работата да за ме извести дека на мојата ќерка и е потребен подој.

Повеќето мајки во мојата група “Мајка и бебе” почнаа да воведуваат ориз (за да го продолжат хранењето) и сите професионалци кои се вклучени во животот на нашите деца – педијатрите, рекоа дека е тоа во ред. На мајките исто така им треба одмор. Сепак, не им верував потполно, па се обидов без волја со моето млеко на ќерка ми да и понудам малку Pavpav (традиционална храна за одвикнување од доење во Кенија), но таа не сакаше да го проба тоа. Затоа ја повикав мојата баба да ја прашам за совет. Се насмевна и ме праша дали пак сум читала книги. Таа внимателно ми објасни дека доењето е се', само не е линеарно. “Таа ќе ти каже кога е подготвена за цврста храна и нејзиното тело исто така.”

 

2

 

“Што да правам дотогаш?”, без нестрплива да дознаам.

“Прави го истото што и досега – редовно доење”. Значи, мојот живот повторно беше на точката на застој. Додека другите мајки се фалеа дека нивните деца повеќе спијат, откако јадат ориз и пробуваат и други продукти, јас на секој 1-2 часа се будев со мојата ќерка и им кажував на пациентите дека враќањето на работа нема да се одвива како што планирав.

Наскоро сфатив дека ненамерно станав неформален сервис за поддршка за другите урбани мајки.  Мојот телефон често ѕвонеше и многу пати додека го доев бебето се слушав како повторувам : “Да, само продолжи со доење. Да, дури и ако штотуку го нахрани. Да, можеби нема ни да успееш да излезеш од пижами денес.  Да и понатаму јади зеленчук и овошје и пиј доволна количина течности. Не, сега не е време да размислуваш за враќање на работа, ако можеш да си го дозволиш тоа. ” И на крај ги охрабрував мајките: “Ќе биде подобро”. Во ова последново морав и сама да се уверам бидејќи ми беше тешко.

Недела дена пред мојата ќерка да наполни 5 месеци, отпатувавме во  Велика Британија, на венчавка кај едни пријатели. Бидејќи имав многу малку обврски, лесно го почитував распоредот за доење на бебето. И покрај вознемирените погледи на многу минувачи, бидејќи ја доев својата ќерка на најразлични јавни места (означените простории за доење се во тоалетите на што не можев да се натерам себеси) издржавме. На венчавката луѓето со кои седевме коментираа “Бебето е мирно, но многу цица. ”Молчев. Една госпоѓа искоментира “Сум прочитала некаде дека африканските бебиња не плачат многу.”Не можев да не се насмеам.

 

Нежните мудрости на мојата баба:

  1. Понудете му ја дојката на бебето секогаш кога е вознемирено, дури и ако штотуку сте го нахраниле.
  2. Спијте во исто време. Многу пати можете да го нахраните бебето пред потполно да се разбуди, што ќе му овозможи повторно да заспие и повеќе да се одмори.
  3. Секогаш земете си шишенце со вода кога одите на спиење, за да внесувате доволно течности во текот на ноќта и да имате млеко.
  4. Доењето нека ви биде приоритет и кажете им на луѓето околу вас да ви помагаат колку што можат. Постои едно малечко суштество кое не смее да чека.

 

Преземено: Incultureparent

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Изберете безбедна и удобна опрема за бебе
Една од најважните работи кои треба да ги направите во текот на бременоста е купувањето на опрема за бебето. Секоја тр...
5
Напредување на исклучиво доено бебе
Ако сте загрижени дали вашето бебе добива доволно млеко со доење, најпрво прочитајте го овој текст. Добивањето на тежина...
4
Запознајте ја мајката која дои туѓи деца
Иако доењето туѓи деца беше совршено вообичаена професија во минатото (доилките беа особено пожелни во аристократските и...
4
Фото: Снежана Лупевска со синот
Новинарката Снежана Лупевска Созен во јули годинава се породи со своето прво дете. Со сопругот Ерџан го одбраа името Мик...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?