Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Трите категории Одмори на море, Континенатални одмори и излети и кампови добија свои победници, а оние кои гласаа секојдневно заслужено добија бесплатен семеен одмор.
ТОП СЕМЕЈНИ ОДМОРИ 2011 е единствено натпреварување на летни туристички аранжмани за семејства и деца. Организатори на натпреварувањето се членовите на водечката регионална мрежа на семејни веб портали ДАНУ. Тие веб портали се Ringeraja.mk од Македонија, Ringaraja.net од Словенија, Ringeraja.hr од Хрватска, Ringeraja.rs од Србија и Ringeraja.ba од Босна и Херцеговина).
На основа на преброените гласови од сите пет земји кои беа вклучени во овој натпревар победнички понуди во трите категории засебно се следните понуди:
Во категоријата СЕМЕЈНИ ОДМОРИ НА МОРЕ победник е понудата: All-inclusive одмор во недопрена природа - Безгрижен одмор за целото семејство во единствената населба Pine Beach Pakoštane – песочна плажа, еко бунгалови во борова шума, медитеранска кујна, забава за деца, и грст спортски активности, се само дел од понудата на оваа населба. Уживајте во летото за паметење со нашата all-inclusive понуда: сместување во бунгалови од трски, полн пансион (шветска маса доручек, ручек и вечера + безалкохолни пијалоци, пиво и вино без ограничување во текот на оброкот), спорт (пинг-понг, кошарка, фудбал, одбојка на песок, борење, аеробик, тенис, стреличарство, едрење, кајак), забава за деца и возрасни, лежалки за плажа, чувано паркиралиште.
Во категоријата КОНТИНЕНТАЛНИ СЕМЕЈНИ ОДМОРИ победник е понудата: Семејна авантура во бања Олимиа - Замислете го својот ден, пиејќи освежителен пијалок покрај базен, безгрижна забава со водени активности, ноќно капење, релаксација под искусните раце на масерите и откривање на локалните занимливости и традиција. Летото во бањите Олимиа е чудесно, опкружено се прекрасна природа, што ја потврдува и наградата за најубаво европско село во 2009 година. Во базените на термалниот парк Aqualuna и комплексот Термалија, ќе ужива целото семејство, а особено децата. За семејствата подготвивме посебен аранжман во хотел Бреза 4*, кој вклучува: 4 x полупансиони, капење во сите базени со термална вода (Wellness центар Термалија, хотелски базен, термален парк Aqualuna и бања Тухељ), акваеробик, попуст за влез во најголемиот сауна свет во Словенија, разговор со доктор и тестирање на видот во оптичкиот салон Глобец, ако кај нас поминете најмалку 4 ноќевања, размрдување за “Добро утро”, употреба на фитнес студио, богата програма на спортски-културни-забавни настани, детска забава во Мини клуб, забавно ноќно капење, и секоја вечер забава со жива музика во ресторан Липа. Наведената цена важи за аранжмани недела-четврток и понеделник-петок.
Во категорија ИЗЛЕТИ И КАМПОВИ победник е понудата: Незаборавната Венеција - Придружете ни се на незаборавно еднодневно патување со брод или катамаран (поаѓање од Пиран, Умаг, Пореч, Пула и Ровињ). Погодниот пат кон најубавиот град на вода, ќе го искористиме за краток вовед во богатата историја на градот, републиката „Serenissima“ и програмата. Веднаш по влегување на пристаништето на San Basilio во Венеција, ќе прошетаме до главниот плоштад на ова единствено место на земјината топка и по пат ќе ги откриваме неговите тајни и знаменитости. На плоштадот Св. Марко, ќе ја посетиме и работилницата на муранско стакло. Во попладневните часови ќе се организира ручек, возење со романтичните годноли и патување по најдолгата водена улица на светот – Canale Grande (со доплата за на брод).
A сега кои се среќните добитници на победничките понуди:
- "All-inclusive одмор во недопрена природаi" - maxkico@gmail.com, од порталот Ringeraja.ba
- "Семејна авантура во бања Олимиа" -paicirida@gmail.com, од порталот Ringeraja.hr
- "Незаборавната Венеција" - rdeca.masna@gmail.com , од порталот Ringeraja.net
Победниците се објавени и на страната за ТСО.
Им честитаме на сите и очекуваме фотографии од семејните одмори.
Ваша РИНГЕРАЈА!
забава Бремените
Автор: bobik
Доењето е природен и непроценлив процес кој го поврзува мајката со беб...
Утринска мачнина во бременоста
Ако си бремена и чувствуваш мачнина наутро, попладне или цел ден, не с...
Колку напредува бебето во првите месеци?
Првите месеци по раѓањето се неверојатно динамични за секое бебе. ...
Која положба е најдобра за подригнување на бебето?
Подригнувањето е важен дел од хранењето на бебето. Тоа му помага да се...
Пред самиот крај на бременоста, многу трудници ќе го доживеат таканаре...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?