vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Соодносот на калциум и фосфор е идеален и организмот може во целост да ги искористи бенефитите на овие минерали од млекото. Поради ова млекото се препорачува како неизоставен дел од нашата исхрана.
Во последно време светските трендови се во корист на консумацијата на свежо млеко заради неговата хранливост. Тоа го потврдуваат и најновите научни истражувања поврзани со здравјето на луѓето кои откриваат дека свежото млеко, кое во минатото на овие простори беше многу популарно и се купуваше во кеси, овозможува многу здравствени бенефити. Имено, експертите велат дека свежото млеко е богато со неколку есенцијални хранливи материи, како калциум, фосфор, протеини, јаглени хидрати и витамини А, Б и Д.
Статистиката во западните држави открива дека граѓаните на Европа, а во последно време и на САД, го претпочитаат свежото млеко. Во Европа свежото млеко најмногу се консумира во скандинавските земји во кои речиси нема трајно млеко по рафтовите во маркетите, но и во Холандија, Велика Британија, Франција, Грција, Германија и во Италија. Како главна карактеристика на свежото млеко експертите го наведуваат процесот на обработка кој влијае на неговите кревки составни компоненти. Свежопастеризираното млеко се обработува на температура на која се уништуваат само оние бактерии коишто се потенцијално штетни за здравјето на потрошувачите. Со тоа не се влијае на млечните протеини и поради тоа ензимите можат да ја вршат својата благотворна функција во човековиот организам.
„Бимилк“ во својата богата понуда на млека го има и Битолското свежо млеко со 3,2% млечна маст. Благодарение на најновата технологија која се користи за производство на свежото млеко, Битолското свежо млеко нема потреба да се вари. Битолското свежо млеко ги нуди сите нутриционистички предности на свежото млеко, а истовремено ја нуди практичната предност на трајното млеко со тоа што може да се консумира без да се вари. Користејќи висококвалитетно млеко од најдобрите фарми во Македонија, свежото млеко е термички обработено со пастеризација, со што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност.
За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб-страница: www.bimilk.mk или фејсбук-страницата на Бимилк.

3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како расте бебето од 14тата до 27мата недела?
Второто тромесечје од бременоста, кое ги опфаќа 14тата до 27мата геста...
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...