vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
А ние ветуваме – Ќе продолжиме секојдневно да ги вртиме твоите страници, ќе продолжиме да се радуваме, да плачеме и да тагуваме тука...Ќе продолжиме да те радуваме, да те растажуваме, да ги дочекуваме заедно со тебе двете цртички, да го бележиме секое растење на нашето стомаче, тука да ги дочекаме нашите најмили...Ти милион пати си ни докажала дека за тоа си тука, за да бидеш рамо за плачење, дланка на која солзата ќе капне, пространа колку небесната шир, топол дом во кој со радост се враќаме, каде најубаво се чувствуваме, каде сакаме и каде сме сакани.
Драги наши,
Велат дека првите пет години се најважни во развојот на детето, во стабилизирање на бракот, во конституција на семејството. За Рингераја.мк можеме да кажеме дека е напредно дете, дете со неверојатни скокови во развојот, дете кое брзо прерасна во човек, единка која брзо прерасна во семејство, стреа од која брзо направивме стабилен дом.
Градба која е непокорна пред силните ветрови, снежните бури, поројните дождови, стабилна градба која не напукнува од силното сонце, дом кој собрал 38.521 членови, 125.000 месечни посетители, 35.000 обожаватели.
Велат, твоето богатство се цени според тоа колку пријатели имаш.
Рингераја.мк е богата.
Рингераја.мк е НАШЕТО ГОЛЕМО СЕМЕЈСТВО!

5.3.2010 година
7055 регистрирани членови
24.880 месечни посетители
Без фан страница на ФБ

5.3.2011 година
13.490 регистрирани членови
48.300 месечни посетители
Без фан страница на ФБ

5.3.2012 година
21.980 регистрирани членови
96.992 месечни посетители
17.436 обожаватели на ФБ

5.3.2013 година
29.360 регистрирани членови
110.000 месечни посети
27.194 обожаватели на ФБ

5.3.2014 година
38.521 регистрирани членови
125.000 месечни посети
35.000 обожаватели на ФБ
ВИ БЛАГОДАРИМЕ што ја сакате Рингераја.мк
НАЈсилни прегратки!

4
4
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Зголемена жед во бременост. Што може да значи?
Потребата да пиете повеќе вода може да биде сосема нормална во бремено...
Колку често треба да правите пилинг?
Пилингот може да помогне кожата да изгледа помазно и посвежо, но премн...
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Есента како период за поврзување и блискост
Кога деновите стануваат пократки, можеби токму тогаш имаме најубава пр...