vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
На почетокот, тоа беа рецептите од пиперка, како што се ајварот, малиџаното, лутеницата, а потоа е вклучена и слатката програма – слатко од диви смокви со ореви и слатко од киви. Посебно внимание се посветува на квалитетот на производот кој во себе не содржи конзерванси, адитиви и вештачки бои.
MAMA’S постојано се труди да ги промовира македонските вкусни и уникатни производи и секако да ги запознае странците со овој вид на рецепти. Целта е MAMA’S да го има на трпезата на гурмани од целиот свет а тоа може да се постигне само со едукација. Веќе неколку години, со сите активности, MAMA’S се труди да влијае на навиката на конзументите, дека ајварот не се јаде само со сирење, туку оди одлично и со скара, чипс, паста.. Како нишка во целата приказна на овој бренд, се провлекува „домашниот“ амбиент, рецептите се земени од најдобрите домаќинки во Македонија, промотивните активности и самиот дизајн на пакувањето содржат рачно изработени елементи. Изгледот е модерен, автентичен и привлечен за окото на потрошувачот. „Шапката“ од весник, „ѓерданот“ и црната етикета се навистина забележителни и се издвојуваат на полиците во маркетите.
Тимот на MAMA’S превзема различни мерки за да се издвои од она што е „типично“ за овој тип на производи. Успехот на MAMA’S е во организираните дегустации со наслов „Вашата зимница за ова лето“, соработката со многу ресторани и локали во старата скопска чаршија, организиран прв натпревар во Македонија за дизајн на храна, поддршка на најразлични културни манифестации и слично.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Мали нешта што можат да донесат голема радост
Не секогаш ни се потребни големи промени, скапи подароци или посебни п...
Вечерно јадење и килограми. Што е вистината?
Дали сте слушнале дека јадењето по 18 или 20 часот неизбежно води до з...
Како правилно да ја негувате косата секој ден?
Убавата и здрава коса не бара секогаш скапи производи или комплицирани...
Зошто друштвеноста е важна за менталното здравје?
Човекот е социјално суштество, а поврзаноста со другите луѓе има голем...
Последици од честото консумирање газирани пијалаци
Чаша ладен газиран пијалак за многумина е омиленото освежување, особен...