Палешка РР во 17:14
на тема GIVEAWAY на Инстаграм: Одговорете точно на прашањето
Иако сега јадеме и живееме за двајца,на нашето бебе му е подеднакво важно да добива здрави намирници, да има фитмама која ќе ја задржи својата кондиција, еластичност и добра форма. Ако сте вежбале пред бременоста, сега не е време да се експериментира со нови вежби во фитнесот. Ако сте имале рутини на кои сте се посветиле пред да покаже тестот 2 линии, повеќето доктори ќе препорачаат да продолжите. Но како поминуваат неделите, ќе намалите со интензитетот и фреквентноста,самото тело ќе ве води низ овој процес и нивото на удобност. За здрава бременост, еве неколку начини како да ја задржите одличната форма и животот да ви биде полесен за време на бременоста, како и после породувањето.
Пренатална јога - Со скроени вежби за телото кое еволуира како и бебето кое расте, пренаталната јога помага мускулите да се истегнат, загреат и да ја зголемат флексибилноста. Ова е толку важно бидејќи вашето тело постојано се менува за да му угоди на бебето. Со одржување на телото подвижно и флексибилно, ќе помогнете да се отстрани ризикот од предвремено породување. Јогата со помошно тегнење многу помага за олеснување на болката во кичмата и помага за подобар сон. Никогаш на одмет, секогаш многу помага - јогата е одлична!
Пливање: Со брцкање во базен, ќе си помогнете да ја тргнете тежината од важите зглобови. Исто така ќе имате одлична кардио вежба, а не мора да претерувате со многу кругови, иако слободно може да пливате што е можно повеќе. Со аеробик во вода ги подобрувате спиналните мускули и ставата која најчесто страда во бременоста ќе биде цврста и стабилна.
Зумба/танцување - Не само што зумбата е забавна, ова е одлична кардио вежба! Кога вашето срце чука побрзо на дневно ниво, тоа го забрзува протокот на крв и помага плацентата да расте повеќе и да биде поцврста. Исто така, поминувате низ период полн со физички и емотивни промени, а танцувањето веднаш го подобрува расположението, помага во баланс и координација на телото.
Флексибилност и растегање - Ако ова е вашето прво бебе, многу е веројатно дека ќе искусите болка кај лигаментите. Ткивото тешко се тегне, телото за прв пат се соочува со вакви промени и затоа кога ќе стигнете до третиот триместар, растегањето треба веќе да биде дневна навика. Има многу вежби за растегање кои ќе ви дојдат и природно да ги вежбате.
Тренирање со тегови - Ако веќе тренирате со тегови, одлично. Но треба да продолжите под надзор од професионален инструктор или тренер и одобрување од вашиот доктор. Нема потреба од поставување рекорди во кревање тегови во моментов. Како што вашиот стомак расте, ќе треба да намалите со теговите, ќе ви требаат полесни вежби. Полесни тегови за рацете се идеални за да се остане во форма кај бицепсот и трицепсот, а да не се нанесува притисок на стомакот.
Пешачење - Лесно а толку потребно за бремените жени. Пешачењето помага крвта да се испумпа назад од нозете и да се избегнат отоците кај зглобовите. Му помага на вашето срце да добие добра кардио вежба а притоа да не почувствувате многу замор. Пешачењето е одлична прилика да разговарате со вашиот партнер или да си одвоите време за себе. Може и да ја пуштите вашата омилена плејлиста, или да преслушате некоја снимена сесија за бременост.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејство и дом
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално ...
Кејт Мидлтон објави дека има канцер
Принцезата од Велс (42) храбро објави дека се бори со болеста и оди на...
Детскиот хирург Симеонов доби син
Трето, па машко. Добредојде Миха. Ти ќе бидеш нашиот херој, напиша поз...
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мај...
Природен избор за мирен сон на вашите малечки
Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за...
Што да дознаете.
пеперутка16
Кога би носеле тројки, што би направиле?