Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Постојат неколку природни начини кои ќе ја зголемат еластичноста на кожата. Се разбира, резултатите зависат од неколку фактори: колку килограми се симнати, за каков период и на која возраст сте.
Привремено престанете со губењето на килограми
Можеби е време да се одморите од строгата диета и да дадете можност на кожата да се адаптира кон губењето на килограми. Ако продолжите да слабеете значително брзо, ќе продолжи загубата на еластичност.
Пијте повеќе вода
Земањето на големо количество течности не само што го подобрува целокупното здравје, но и помага на кожата да изгледа мазна и сјајна. Испијте барем 6 чаши вода дневно.
Задолжително вежбајте
Вежбањето ги зајакнува мускулите и ја затегнува кожата. Препорачливо е да правите енергетски вежби три пати неделно, во текот на денот. Ако сте ја изгубиле многу килограми, вежбите ќе ви помогнат да ги вратите мускулите, зашто при согорувањето на мастите гогорен е и голем дел од мускулната маса.
Хидратација на кожата
Користете навлажнувач кој содржи витамин Е. На тој начин кожата ќе остане влажна, бидејќи се стимулира растот на нови клетки од кожата. Навлажнувањето помага да се минимизира појавата на брчки.
Користете кокосово масло, за да ја хидрирате кожата. Тоа е природен навлажнувач и има антибактериски својства. Често може да се најде во содржината на лосиони за тело, или да се користи самостојно.
Стомачните вежби делуваат тонизирачки
Ако сте изгубиле многу килограми, најверојатно кожата во областа на стомакот не е затегната. За да го вратите здравиот изглед на кожата во оваа зона е потребно време и напор. Неколку пати неделно правете вежби за стомакот. Не претерувајте со нив, доволно е да ги правите по 15-20 минути, од 3 до 5 дена во неделата.
Масажа
Масажите ја зголемуваат циркулацијата на крвта, која е корисна за кожата. Ако немате време да посетите центар за масажа кај специјалист, може да си направите масажа сами, со омилените етерични масла.
Ограничете го изложувањето на сонце
Општо познат е фактот дека прекумерното изложување на сончевите зраци се одразува негативно врз кожата и нејзината еластичност. Ова се однесува и за солариумите. Зраците можат да бидат причина за сушење на кожата и да ги оштетат клетките.
Пливањето во хлорирана вода го има истиот ефект, бидејќи хлорот доведува до сушење и оштетување на клетките на кожата. Не заборавајте да ја негувате кожата по слично сончево изложување или пливање во базен. Откако ќе се избањате, користете природен навлажнувач со витамини и алое вера.
Морска сол
Некои истражувачи тврдат дека морската сол помага да се обнови протокот на крв и ја зацрстува кожата со текот на времето. Постои огромна разновидност на производи со морска сол на пазарот. Користете ги секојдневно во бањата и по неколку недели ќе се уверите самите во најдобрите резултати.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како високите температури влијаат на зачнувањето?
Летните горештини носат повеќе време на отворено и подобро расположени...
Како расте бебето во првата година од животот?
Првата година од животот е период на неверојатно брз раст и развој. За...
Отежнатото дишење е чест симптом во бременоста и кај многу жени се пој...
Фази на менструалниот циклус објаснети едноставно
Менструалниот циклус е природен процес низ кој поминува женското тело ...
Кога започнува утринската мачнина во бременост?
Утринската мачнина е еден од најчестите рани симптоми на бременост. И ...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.