Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Рота вирус инфекциите се болест на доенчињата и малите деца. Најчесто заболуваат доенчињата на возраст од 6 месеци и децата до 5 години. Инфекциите предизвикани од овој вирус се честа причина за хоспитализација на доенчињата, бидејќи предизвикуваат тешки проливи и повраќања, проследени со висока температура, па сето тоа заедно може да доведе до дехидрација. Вакцината која стои на располагање кај некои деца комплетно ќе ја спречи болеста, а кај некои вакцинирани деца болеста ќе се јави во помал облик.
Како се пренесува заразата?
Заразата се пренесува лесно и не е чудно што повеќе од 30% од цревните инфекции се предизвикани од рота вирус, бидејќи се работи за многу заразни микроорганизми. Разликата меѓу овој и другите стомачни вируси е во начинот на нивното пренесување. Рота вирусот влегува во организмот на два начини:
- Орално фекален пат, односно детето ќе го внесе вирусот во уста со рацете или со играчка контаминирана со фецес.
- Преку капки – вирусот се наоѓа во мали капки на плунката на заразеното лице и се шири преку говор низ воздухот.
Токму заради ваквиот начин на ширење, рота вирусот може да предизвика епидемија, обично на детските одделенија или во градинките, ако има барем едно заразено дете со рота вирус.
Вирусот кружи во воздухот од декември до април. По влегувањето во организмот брзо се размножува и по 12 часа се манифестира со силно повраќање и висока температура а по 24 часа почнува пролив кој трае 6-7 дена.
Никакви антибиотици ниту лекови против пролив нема да имаат успех. Внесувањето на течности и минерали е единствениот начин на лечење, бидејќи на тој начин се врши надополнување на изгубеното. Не постојат специфични лекови откако ќе настапи заразата. Како и кај секоја друга инфекција, организмот стапува во акција во одбрана од напаѓачот и во напад испраќа лимфоцити и бели крвни клетки кои имаат за задача да ги отстранат патогените микроорганизми. Организмот се ослободува од рота вирусот на многу едноставен начин: клетките на цревата се обновуваат заедно со кожата и слузницата. Во тек на три дена заразените клетки ќе се отстранат од организмот преку регенерација. Затоа внимавајте! Запирањето на проливот не оди во прилог на лечење на болеста, ниту антибиотиците кои ги уништуваат корисните цревни бактерии.
Штом ќе се појават првите знаци на болеста, кои упатуваат на губење на течности, да му се даде на детето орален рехидрациски раствор ORS познат како орална рехидрациска солуција, која се набавува во аптека. Со повраќањето и проливот организмот ги губи минералите кои треба да се надополнат за да се спречи дехидрација. Во едно пакување се наоѓа оптимална количина на гликоза и минерални соли. Количината од вреќичката се раствора во точно одредена количина на вода а растворот се дава разладен, лажиче по лажиче. Бидејќи е со лош вкус, одберете некоја од солите за рехидрација со арома. Ако детето губи течности по проливот и повраќањето, не мокри, бледо е, плаче со слаб глас, а реакцијата на дразби е намалена, ставува збор за дехидрација.
Објективна проценка за дехидрација се прави со мерење на детето: ако изгубило повеќе од 7% од тежината која ја имало пред болеста, значи дека се работи за силна дехидрација и потребна му е брза помош. На пример ако доенче од 4 килограми изгуби 280 грама тежина, значи дека е во опасност и потребно му е болничко лекување.
Превентива
Општите превентивни мерки е тешко да се спроведат на детските одделенија бидејќи вирусот се шири преку ситни капки во воздухот така што е неминовна мала епидемија меѓу децата.
Вакцината против рота вирус делува превентивно бидејќи ја јакне одбранбената моќ на организмот создавајќи специфични антитела против вирусот.
За доенчињата помали од 6 недели може да се каже дека се природно заштитени од рота вирус. Клетките на цревата во тој период се уште немаат рецептори на кои може да се прицврсти вирусот. Но најмногу од се' новороденчето е заштитено со антителата кои ги добива од мајката преку постелката. Со доењето таа одбранбена моќ постојано се зголемува.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бебе.
Admin
За долниот дел на вашето бебе, дали користите само крем или само пудра или и двете во исто време?