vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во периодот од 10 до 14 Јануари 2012 година во 11 Октомври – домот за деца без родителска грижа, од страна на невладината организација “Уметност на живеење” беше одржана работилница “YES” во која земаа учество десетина тинејџери, штитеници на домот. Работилницата беше многу позитивно прифатена, децата со нетрпение го чекаа секој нов ден, а истата заврши со доделување на дипломи. Дружењето со нив го продолжуваме и понатаму.
Вакви работилници се одржуваат насекаде во светот. Им овозможуваат на тинејџерите сеопфатна алатка за развивање на личните способности и емоционалната интелегенција која им е потребна за да се истакнат во нивниот социјален живот, спорт, студирање и идниот професионален живот. Програмот ја проширува визијата на младите за светот и на тој начин обезбедува практично знаење и вештини за превземање, одговорност и лидерство. Исто така учат како да се справат со емоциите и секојдневното стресно живеење, како и секојдневните предизвици со кои се сретнуваат.
| Уметност на живеење е хуманитарна, непрофитна организација за сите оние кои би сакале да учествуваат во потикнување на човековите вредности во општеството и кај поединецот. Освен голем број хуманитарни активности, оваа организација континуирано одржува работилници за мирен ум, ослободен од стрес како предуслов за креативен, инспиративен, јасен, ентузијастичен и тимски дух. Секоја работилница е специјално дизајнирана за потребите на дадена група во општеството – родители, деца, тинејџери, студенти и млади професионалци, оние кои бараат поголеми предизвици во животот и оние кои се сретнуваат со проблеми, но целта е секогаш една – мирна индивидуа. Повеќе за Уметност на живеење може да прочитате на веб страната на организацијата, или на отворената група на Facebook. |
6
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...
Зошто бебињата се напрегаат и испуштаат звуци?
Грчењето, стенкањето и напрегањето кај бебињата често ги загрижуваат р...
Од играчки до чорапчиња, зошто бебето става сe во уста?
Од играчки и прсти до ќошиња од ќебенца за бебето устата е еден од нај...
Нередовниот циклус, зголемената влакнетост, акните и потешкотиите со з...