|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прослава по повод ТРИ години Рингераја.мк

Барбара, Редакција Рингераја, 5.3.2012
Во овие три години Рингераја.мк успеа да ги искористи сите глобално успешни начини за формирање на силна интернет заедница на семејства, а притоа да вплети македонска нишка во плетката наречена Рингераја

image
/11




Започнавме срамежливо, тивко, со претпазлив чекор, плашејќи се дека никогаш нема да излеземе од големиот чадор кој над нас го рашириле нашите сестрински портали во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Италија. Мислевме дека е голем предизвик да бидеме голем семеен интернет портал, дека е преголем залак за една толку мала Рингераја.мк да се носи рака под рака со големите сестри од Балканот. Започнавме со неколку членови, неколку статии и еден календар на бременост. Позитивната енергија на нашите членови, нивната добродушност, широкоградост и великодушност беа доволни за да почнеме да растеме на квадрат 2, 4, 16, 256...

За брзо време станавме цврсто и компактно семејство кое заедно ги дочекува новородените бебиња, заедно плаче и се радува во среќните и тажни мигови, семејство кое ги знае сите тајни на своите членови и кое верно ги чува, семејство кое знае да советува, да прегрне, да заплаче, да помогне...да се радува!

Низ неколкуте хуманитарни акции, кои семејно, заеднички ги организиравме, покажавме дека имаме слух за децата без родителска грижа и децата со пречки во развојот, дека сите, сплотени како еден, сме спремни да ги дадеме најскапоцените нешта од нашите деца за да направиме друго дете среќно, дека имаме сила да бидеме заедно со сите болни дечиња во празничните денови кога треба да се биде покрај семејството.

Низ неколкуте Рингераја дружења покажавме дека немаме предрасуди, дека за нас не постојат конфесионални, етнички и социјални разлики, дека можеме да се дружиме без разлика на верска и етничка припадност, дека можеме да функционираме како едно големо семејство.

Денес Рингераја е огниште кое покрај себе сплотува повеќе од 100,000 македонски семејства, најдобар пријател, добар советник и слушател со повеќе од 220,000 месечни посети, портал со повеќе од 24,000 активни соговорници.

Колку пораснал семејниот интернет медиум Рингераја, во овие три години, не може да се искаже преку броеви, бидејќи броевите не претставуваат мерна единица за љубов, разбирање, сплотеност, помагање, хуманост и пред се широка и топла прегратка. За да се дознае колкава навистина Рингераја е, треба да се дојде, треба да се види, треба да се биде Рингераја.

Сега со гордост можеме да кажеме – да успеавме! Ги стигнавме другите портали од Балканот, станавме заедница која зрачи со енергија, чесност и искрена љубов меѓу членовите, заедница која има моќ да подаде рака, да каже збор кој вида и лекува, заедница на силни жени, мајки и татковци кои знаат да љубат, да помагаат  и да простуваат. Станавме најголемиот семеен медиум, најголемата интернет заедница на родители во Македонија, која заедно може да го направи сопствениот и животот на своите и другите деца поквалитетен.

Рингераја ќе постои се додека во нас има љубов за својот ближен, за своето дете, за својот брат...Рингераја ќе постои се' додека ни значи се', се додека добива љубов за возврат.

Рингераја.мк претставува совршен пример за тоа како може со чиста љубов, слога и несебичност, да се променат одредени токови во општеството, како можеме да се обединиме и да делуваме како единка, како едно големо семејство кое се грижи за своите членови, како можеме заеднички да помагаме, да се советуваме, да се радуваме, да тагуваме...

 

 

По повод три години од постоењето на интернет медиумот Рингераја.мк и успешно завршениот проект "Прегратка на дар" утре, 06.03.2012 година, во конференциската сала на Борис Трајковски ќе се организира прослава со следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД



12:20 – 12:35 Официјално отворање на прес конференцијата и свеченоста

12:35 – 12:45 Приказната за Миа (Драмска изведба од Детски Креативен Центар)

12:45 – 13:00 Резултати од Прегратка на Дар (Видео Репортажа)

13:00 – 13:05 Обраќање на Министерот за Труд и Социјална политика, Г. Спиро Ристовски

13:05 – 13:10 Обраќање на амбасадорот на Р. Словенија, Г. Ален Брајан Бергант

13:10 – 13:20 Свечено доделување на благодарници до покровителот и спонзорите на
Прегратка на Дар

Три години семеен интернет медиум на македонски

Кога си среќен, песна во изведба на Андријана Јаневска и дечињата од градинката
Корчагин од Скопје

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Општи услови за користење на форумот
Ревидирано на 9. септември, 2011 година
3
Децата од СОС Детско село ќе летуваат во И...
Четириесет деца згрижени во СОС Детско село, две недели ќе летуваат во летниот камп во Калдонацо во Италија. Ланецот на ...
3
Второ издание на Fashion & Lifestyle Expo!
И овој март, од 29ти до 31ви, во Македонската опера и балет, подгответе се за пролетно будење на сите сетила со богатата...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?