|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Превенција од искривување на главата кај бебињата

Редакција Рингераја, 5.1.2022
Се повеќе бебиња имаат проблем со искривување на главата, што е последица на лежење на една страна. Се проценува дека 13% од здравите бебиња имаат некаков облик на плагиоцефалија, што е стручен назив за синдромот на залежано главче кај бебињата

image
/11


Педијатрите се согласуваат дека најдобра положба за спиење кај бебињата е на грб. Поточно, тоа е најсигурна положба бидејќи го намалува ризикот од синдромот на изненадна смрт во колевка за најмалку 50%. Истовремено, се повеќе бебиња имаат проблем со искривување на главата, што е последица на лежење на една страна. Се проценува дека 13% од здравите бебиња имаат некаков облик на позициска плагиоцефалија, што е воедно и стручен назив за синдромот на залежано главче кај бебињата.

Новорoденчето скоро цело време го поминува легнато на грб, што доведува до потиснување на главата, зависно од положбата и страната на која спие. За развој на овој синдром, критични се првите четири месеци. Ако бебињата ги поминат овие месеци лежејќи на грб, имаат голем ризик да развијат плагиоцефалија.

Америчките педијатри развија нови насоки, кои би требало да им помогнат на лекарите и родителите во превенција, дијагноза и лечење на деформации на главата кај инаку здрави бебиња.

Кај повеќето бебиња главата е лесно асиметрична. Нивниот череп е мек и направен од меки и одвоени коски кои со тек на време сраснуваат. Тие коски се подвижни бидејќи му помагаат да бебето полесно да помине низ породилниот канал. Помеѓу коските се наоѓа простор кој исто така му овозможува на черепот да се шири во зависност од растот и развојот на мозокот на бебето. Ако бебето секогаш се одмора на една страна, тие коски на черепот се движат, односно поместуваат и добиваме сплескана или залежана површина.

Педијатрите напоменуваат дека и покрај таа појава, родителите и понатаму треба да го ставаат бебето да лежи на грб. Асиметријата на черепот заради позицијата на спиење не предизвикува развојни потешкотии и пореметувања, туку повеќе се работи за естетски проблем.

Новите насоки објавени во стручното списание Pedyatrics сугерираат дека педијатрите би требало да ги советуваат родителите за методите кои кои може да се спречи синдромот на искривување на главата кај бебињата и тоа веднаш откако родителите  ќе го донесат бебето на прв преглед.

До првиот роденден, педијатрите би требало да ги следат евентуалните деформитети на черепот кај бебињата, предизвикани од положбата на спиење и мирување.

Појавата плагиоцефалија може да се спречи со често менување на положбата на спиење кај бебето. Во случај  деформацијата многу да се влошува до 6. месец на старост и ако бебето има многу видливи сплескани подрачја на главата, педијатрите препорачуваат т.н. кацига, иако не е докажано дека е поефикасна од обичните методи на менување на положбата при спиење.

 

Како да го спречите синдромот на искривување на главата?

Постојат неколку едноставни чекори со помош на кои родителите можат да спречат да се појави синдромот на искривување на главата, или плагиоцефалија. Истиот метод можете да го користите за да ги спречите понатамошните деформации, ако веќе се појавиле:

- Зголемете го времето кое бебето го поминува легнато на стомак, додека е будно и секако бидете покрај него и не го испуштајте од вид ниту за секунда. Бебето треба секојдневно да поминува од 30-60 минути на стомак, а тоа може да се практикува по една недела старост – почнувајќи од неколку минути, па се до 30 и повеќе минути, како бебето зајакнува.

На секои 7 дена менувајте ја насоката во која спие бебето во креветчето (на пр. ако седум дена бебето спиело во положба запад – исток, следните 7 дена нека спие во насока исток - запад, па потоа обратно). На тој начин му помагате на бебето да ја врти главата во различен правец.

Некои бебиња преферираат да ја држат главата на една страна. Кога се будни ставете ги на спротивната страна, на која би гледале нешто интересно.

Најважно од се: галете се! Најдобро е бебето да го држите во раце исправено и тоа по неколку пати во ден и да го галите, да играте со него и да внимавате додека е будно да поминува што помалку време во лежење.

Ако се придржувате кои овие совети, сите неправилности на черепот би требало да се исправат сами по себе, додека бебето наполни шест месеци, бидејќи главата на бебето сеуште се развива, мозокот расте, а коските на черепот се прилагодуваат на неговиот облик. Промената на положбата на спиење би била доволен третман. Освен тоа, со текот на растењето, бебето само ќе ја менува положбата на спиење и така само ќе влијае во превенција на искривување на главата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Рецепти за првиот оброк на бебето. Од каде...
И покрај тоа што е традиција во нашите региони, додатоците во исхраната да започнуваат со овошје, словенечките автори на...
4
Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
4
Проверувајте ја крвта!
Доволна е само една капка крв за да се провери крвната слика. Крвната слика, како што велат лекарите, е огледало на наше...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?