vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Го замислувам Бог како лета над земјата и со големо внимание ги избира субјектите за продолжување на видот. Тој гледа се' и им ги диктира на ангелите упатствата, кои запишуваат во големата книга. Конечно, доаѓаат и до името на едно дете, а Бог смеејќи се задоволно кажува:
- На оваа мајка ќе и дадам дете со потешкотии во развојот.
- Зошто неа Господе, таа е толку среќна?!
- Токму заради тоа, рече Бог. Можам ли на едно дете со потешкотии во развојот да му дадам мајка која не знае да се смее? Тоа би било сурово.
- Но дали оваа мајка има доволно трпение?
- Јас не сакам да има премногу трпение, бидејќи ќе се стопи во самосожалување и очај. Кога ќе помине почетниот шок и бес, таа ќе почне одлично да се справува. Ја гледав денес. Има смисла за самостојност и независност, која кај мајките е голема реткост. Сфати, детето кое ќе и го подарам е осудено да живее во сопствен свет, а таа мора да го натера да живее и во нејзиниот свет, а тоа не е лесно.
- Но Господе, таа не верува во тебе!
- Нема врска – се насмеа Бог – и тоа ќе го доведеме во ред. Таа е вистинската личност. Има и доволно егоизам.
- Како егоизам? Па зарем тоа е доблест?
Ако не може повремено да се одвои од детето, нема да може да преживее. На оваа жена ќе и подарам несовршено дете. Таа тоа сеуште не го знае, но треба да и завидуваме. Никогаш нема да верува во зборовите кои ќе и ги кажуваат докторите. Секогаш ќе бара нови решенија и начини за да ја подобри состојбата на своето дете. Ниту еден чекор на детето нема да го сфати како нешто секојдневно. Кога нејзиното дете ќе каже за прв пат “мама”, ќе и биде јасно дека доживеала чудо. Ќе и допуштам да го спознае сето она што и јас го спознавам: незнаење, суровост, предрасуди. Ќе и допуштам да се издигне над сето тоа. Таа никогаш нема да биде сама. Јас ќе бидам со неа во секој ден од нејзиниот живот, во секоја минута, бидејќи таа ја работи мојата работа толку сигурно, како да е овде покрај мене.
- А да и доделиме барем светец- заштитник?
- Огледалото ќе биде доволно – се насмеа Бог.
Споделете го ова со сите мајки!
Можеби и не знаат колку се совршени!
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...