Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
На одделението за интензивна нега Најден изгледа како и секое друго бебе, освен што крај неговиот инкубатор покрај медицинскиот персонал, нема никој друг да навива за него, да го бодри и да го гали, по с' она што му се случи - кога го давеле и му го пресекле јазикот
Поразителната судбина на бебето Најден од скопско Арачиново предизвика вознемиреност и згрозеност на јавноста поради тоа како неговите родителите ја дочекале приновата. Бебето, кое пред неколку дена го најдоа фрлено во двор во Арачиново, со пресечен јазик и ѕверски мачено, покрена лавина од коментари на нашите читатели, кои не морализираат напразно и инсистираат да се најдат родителите и сторителите.
И покрај с', тој на одделението за интензивна нега изгледа како и секое друго бебе, освен што крај неговиот инкубатор освен медицинскиот персонал, нема никој друг да навива за него, да го бодри и гали.
Неговата навивачка група се нашите читатели.
Засега Најден е едно од неколкуте бебиња што живеат на одделението за интензивна нега на Детската клиника. Лекарите велат оти никој не знае колку долго ќе остане таму, состојбата секој ден му се подобрува, но предупредуваат дека с' уште е критично.
Најден го затекнавме како спокојно спие во инкубатор, со еден куп кабли и цевчиња околу себе. Спиеше долго, рамномерно ги дигаше и спушташе рамената како да сака да одмори од с' што преживеал во првите неколку дена од својот живот. Многу е малечок, стапалата на нозете му се големи колку еден цвет од лале, стуткан, со стиснати тупаници, кои одвреме-навреме ги опушта, се обидува да диши во инкубаторот, а засега му помагаат апаратите. Има одвај два килограма и 300 грама. Среќа што го чува исклучителен хуман тим на одделението за интензивна нега.
Сестрите не коментираат за состојбата на бебето, тие што минуваат покрај Најден го допираат инкубаторот и велат „Господ да го чува!“.
На одделението е тивко, исто како и во секоја куќа во која има бебе што спие.
Аспазија Софијанова, директорката на Kлиниката, вели дека будно ја следат состојбата и дека се надеваат на подобро.
- Засега нема големи промени кај Најден, стабилен е, но сепак е критично. Правиме с' што е во наша моќ да закрепне - изјави Софијанова.
Никој друг на оваа Kлиника не сака да зборува за Најден, сите само ја веднат главата, негодувајќи за тоа што се случувало.
Од МВР велат дека с' уште немаат новости за настанот. Истрагата е во тек, засега не се знае кои се родителите и сторителите на ова ѕверско изживување со новороденчето.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски вети дека институциите ќе направат с' Најден да ја добие сета потребна грижа. Ќе ја следат здравствената состојба, развојот на детето и ако биде с' како што треба во поглед на неговиот развој, ќе следуваат сите други институционални форми на заштита и негово згрижување.
- Сепак, нам како Министерство за труд најбитно ни е да се стабилизира здравствената состојба на новороденчето, а понатаму ќе му биде дадена целата грижа што му следува од државата - додаде министерот Ристовски.
Пелени и хигиенски прибор за бебето
Со оглед дека Најден нема баш ништо на овој свет, сестрите од одделението за интензивна нега од Детската клиника порачаа дека сите хумани граѓани што се јавуваат со желба да му помогнат, може да донираат пелени, влажни марамчиња и хигиенски прибор за својот миленик - Најден.
Марија Тасев
Извор: dnevnik.com.mk
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?