Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Неодамнешните настани уште еднаш покажаа дека состојбите во Република Македонија се на работ на контролата. Денешниот училишен ден многумина го дочекуваат со страв и неизвесност. Мирот ќе се зачува само доколку се преземат итни мерки за смирување на состојбите и враќање на мирот и довербата.
Овие денови се тешки за многумина, трагедиите и насилствата се наталожија, а поделбите се видливи повеќе од кога и да е во изминатите неколку години. Сега, поединци и групи од секоја „страна“ мисли дека е оштетена и дека допрва треба да се одмазди. Погрешно! Погрешно и опасно!
Унесреќените и ужалените семејства минуваат низ тешки трауми од болката по изгубените членови. Сега треба да се фокусираме на тоа да им помогнеме да останат силни и достоинствени во тагата. Треба да сочувствуваме заедно со нив, достоинствени и смирени, како што и доликува на една тага и сочувство. Болката нема етничка, религиска или каква и да е припадност. Солидарноста и човечноста им припаѓаат на сите и сите можат подеднакво да ја споделат.
Воедно, мораме да погледнеме во иднината со тоа што ќе извлечеме поуки од неодамнешното крваво балканско и македонско минато. Останатите земји од Балканот со крупни чекори итаат кон европското семејство, во прогрес, со отворени граници и без комплекси.
Пред нас, уште денеска, уште во часот во кој го читате или слушате овој Апел, стојат тешки и комплексни задачи кои мораме да почнеме да ги спроведуваме во истиов момент. Некои од нив се итни и краткорочни, некои се долгорочни, но сите бараат неодложна акција. Многу задачи и проекти кои мора да се спроведат не ги наведовме, но очекуваме ВИЕ да го сторите тоа.
АПЕЛИРАМЕ!
Апелираме до сите граѓанки и граѓани на Република Македонија:
Воздржете се од говор на омраза. Тој е само еден чекор од незамисливи трагедии.
Почитувајте го законот, јавниот ред и мир и побарајте го тоа од своите најблиски.
Бидете активности во превенцијата од насилство во вашите средини.
Апелираме до родителите и наставниот КАДАР:
Разговарајте со децата и младите, побарајте од нив смиреност и одговорност.
Побарајте да ве послушаат и да не ја ризикуваат својата и иднината на целата земја.
Побарајте од нив да го препознаат профитерството во повиците на насилство.
Апелираме до Владата на Република Македонија:
Да преземе итни чекори за ставање крај на говорот на омраза и насилството применувајќи ги Уставот и законите на Република Македонија, особено законите за антидискриминација и за санкционирање на ширењето на национална, верска и расна омраза.
Итно да започне со имплементација на Стратегијата за интегрирано образование. Стратегијата е усвоена во 2010 година.
Да го зајакне секторот за полициска превенција. Со тоа, меѓу другото, ќе ги прошири и забрза проектите за јакнење на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.
Да ги зајакне активностите, мерките и проектите во доменот на контролата на оружјето. Да продолжи со поддршка на проектите во рамки на граѓанското општество во доменот на контролата на оружјето, едукацијата од ризици и надминување на култот кон оружјето.
Апелираме до Советот за радиодифузија на Република Македонија:
Итно да ги казни медиумите кои го поттикнуваат говорот на омраза.
Апелираме до ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ:
Веднаш побарајте јасно и недвосмислено од своите членови и активисти да придонесат кон смирување на состојбите во нивните средини.
Апелираме до уредниците, Здружението на новинарите на Македонија, како и другите медиумски и новинарски асоцијации да ги повикаат своите членови/колеги на одговорно и непристрасно известување.
Апелираме до верските лидери веднаш да престанат со своите проповеди во кои директно или индиректно инспирираат насилство.
Апелираме до сите организации на граѓанското општество, без оглед на нивната мисија и статут, да преземат итни активности со кои ќе придонесат кон смирување на состојбите веднаш и неодложно.
Апелираме до сите навивачки групи: ОСТАНЕТЕ ДОМА! Оваа состојба е премногу сериозна за да се решава со речникот и методите на вашите групи.
Мирот е сечија одговорност. Затоа, апелираме до сите заедно и до секого поединечно:
Направи нешто за твојата иднина и иднината на твоето дете.
Поддржи го мирот во Македонија! Денеска! Сега!
забава Бремените
Автор: bobik
Што ти кажува твојата менструација за твоето здравје?
Менструацијата не е само месечен циклус што многу жени го сметаат за н...
Билки на тераса: мала градина со голема моќ
Животот во град знае да значи ограничен простор и малку контакт со при...
Чувството на сигурност, темел на здрава врска
Во секоја врска постои нешто поважно од романтиката, подароците или уб...
Малото дете расте, а со тоа се менува и неговиот ритам. Еве како да со...
Вакцинирање со насмевка: Совети за родители и деца
За многу деца и нивните родители, вакцинирањето е еден од оние моменти...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?