vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Проектот ќе се реализира преку редовни бесплатни работилници со децата и родители на кои низ практични примери, вежби и совети ќе се учи за улогата на здравата исхрана и правилната хигиена на забите во одржувањето на нивното здравје. Дел од содржината на овие работилници ќе бидат игри со пластелин, симулација на расипани заби и поправање, како и натпревар во миење заби.
Работилницата е поделена во два сегменти: првиот дел насочен кон децата и интерактивна работа со нив, додека вториот е посветен за родителите и нивните прашања и проблеми.
Дополнително, сите кои ќе бидат присутни на овие работилници ќе добијат ексклузивен едукативен материјал издаден за целите на проектот: Сликовница за деца „Забарот Дабар“ со практични совети наменети за родителите.
Овој проект е под водство на др. Ана Кртолица-Георгиев која своите студии ги завршува на Стоматолошкиот факултет во Љубљана, кадешто и професионално работи по дипломирањето.
Ги покануваме сите кои сакаат да научат повеќе за тоа како да ги сочуваат и одржуваат здрави забите на нивните деца да се пријават на нашата ФБ страница: Повеќе Насмевки.
За повеќе информации контактирајте не на:
Тел: +389 70 702 515
E-mail: krtolicaana@gmail.com
Со почит,
Тимот на „Повеќе Насмевки“
3
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Опоравување по следните породувања
Секое породување е различно, па така се разликува и опоравувањето. ...
Промени во расположението по недели во бременоста
Промените во расположението се чести во бременоста. Еден ден можете да...
Колку е точен календарот за овулација?
Календарот за овулација може да биде корисна алатка за ориентација, но...
Секс во плодниот прозорец - практичен водич
Ако се обидувате да забремените, времето на сексуалните односи може да...
Кои се здравствените придобивки од сексот?
Сексуалната интимност е дел од здравјето и благосостојбата на многу во...