|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Оливер Твист од Прилеп

Редакција Рингераја, 7.8.2012
Александар Д. има 33 години. Роден е во Битола, но живее во Прилеп. Не си го знае коренот, никогаш не си ги видел родителите. Но сепак, тој е многу силен гордо исправен пред тешката судбина

image
/11


 

Со силна верба во Бога се движи храбро низ животот. Животот бил суров со него. Поминал низ многу премрежја по куќите и домовите каде што растел, а тој, немоќен да си помогне, живеел со визијата дека еден ден ќе има топол дом и семејство на кое ќе му дарува љубов. Како малиот Оливер Твист, на моменти бил слаб, кршлив, солзи го облевале неговото детско лице, трајни лузни се врежувале во неговото младешко срце, но израснал во сигурен, возрасен човек со јасна визија за својата иднина. Вели „тешка е судбината на сираците, но животот Бог го дал и мора да се живее најдобро што се може“. 

Во домот за новороденчиња во Битола живеел до четвртата-петтата година, а потоа бил сместен во тричлено семејство.

„Се чувствував како кај свои родители, ме сакаа, ми обрнуваа внимание. Тоа е моето единствено семејство, тогаш бев среќен. Но, судбината донесе нова несреќа во мојот живот. Почина жената која ја сметам за моја единствена мајка. Имав само 11 години. Дојдоа социјални работници и ме префрлија во друго семејство, пак во Прилеп. Но, таму продолжија страдањата. Тие имаа два сина и две ќерки, за нив готвеа, им купуваа убави работи, а за мене беше тоа што ќе останеше од јадењето. Нивните деца не работеа тутун, а јас одев на нива, ме будеа во 3 часот наутро“, ја раскажува Александар својата судбина, поместувајќи се поради повредениот колк. 

Иако се жалел во Центарот за социјална работа, било оценето дека таму е подобро отколку да оди во дом. Сепак, по 17-та година заминал да живее во интернатот „Орде Чопела“, каде се чувствувал понезависно. 

„Но, вработените не' понижуваа, не' принудуваа да работиме се' и сешто за да добиеме храна. Си ветив дека тоа нема да го дозволам во иднина. Еднаш домаќинот ме навреди пред студенти. Никогаш нема да го заборавам кога ми рече: ’Копиле, оди да работиш‘. Бев страшно вознемирен, ги собрав воспитувачите, вработените и им реков на сите дека нема да дозволам никој повеќе да ме навредува. Од тогаш изминаа многу години, но се сеќавам на тој ден како на мој триумф, зашто од тогаш повеќе никој не ме навредуваше“, вели Александар и додава дека не е најважна работа да му дадеш корка леб на едно дете, туку љубов. 

„Со љубов се расте, се стекнува сигурност, се добива сила да се бориш натаму во животот. Јас ја немав таа среќа, немав топол дом, никогаш никој не ме пречека, не покажа посебна грижа за мене. Но, ете дојдоа и подобри денови“, раскажува тој и додава: „Кога започнав емотивна врска со една девојка, се преселив во нејзиниот стан. Најдов и работа, бев помошник во кујна, па готвач, слаткар, работев и во заштитни друштва. Сопственикот на една организација ме злоупотреби, ме пријави, но никогаш не ми исплати плата. Го тужев, ми исплати одреден износ отштета, а потоа Апелацискиот суд констатираше дека јас треба да му ги вратам парите со камата. И денеска враќам“, зборува Александар со гнев во срцето, зашто вели децата без родители се најобесправените деца, оти немаат кому да се пожалат, ниту, пак, се слуша нивниот глас во некоја институција. 

Александар живее во еднособен стан. Со парите што ги заработува во печатница не може да ги плати долговите кон ЕВН. 

„Почнав да ги лечам финансиските рани, да плаќам долгови, бев задолжен кај мои пријатели, и еве сега дел по дел ги исплаќам. Должам кон ЕВН, долгови имав и кон ’Водовод‘ и ’Комуналец‘ од по 500 евра, а платата ми е 8.000 денари. Нас не' водат како кираџии, не плаќам кирија, но чекам и сакам да го откупам станот на рати. Живеам се' уште стегнато, но се трудам да ги решавам проблемите“, вели овој млад човек. 

Многу од децата без родители кои биле негови пријатели заминеле во странство, дел се овде и имаат семејство, а тој и натаму мечтае за семејна љубов, топлина и спокој.

„Најмногу во животот ми недостига семејство. Најмногу се плашам од тоа што финансиски не можам да се ослободам, па си велам да не не' бидам прифатен од некоја девојка поради тоа. Од друга страна, поради мојот физички хендикеп не можам се' да работам. Инаку, би работел ден и ноќ за да ги исплатам долговите. Највредно во животот ми е моето достоинство, горд сум што сам успеав да се изградам. Но, многу рани останаа“, вели Александар, кој не можеше да го скрие гневот од мачното детство и тежок младешки живот. Сепак, тој е човек со силна верба и сигурно ќе го оствари сонот.

 

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
2
Рингераја времеплов
По што ќе ја паметиме годината која изминува?
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?