|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Признајте дека не ги исполнувате ветувањата кои сами на себе сте ги дале, дека не ги цените сопствените одлуки и дека често сте недоследни. Откако ќе го прочитате овој текст ќе Ви биде навистина непријатно и понатаму да останете такви.

image
/11


Одлучив дека...

....повеќе ќе се грижам за мојата кожа

Покрај тоа што парфимериите се преполни со козметички производи, професионалците укажуваат на тоа дека за дневна употреба потребна е хидратантна крема со УВ заштита, благо средство за чистење на лицето и ноќна крема (користете гел на база бензол-пероксид, ако имате проблематична кожа, или крем на база на хијалуронска киселина, ако имате сува кожа), тоа се основните препарати кои Ви се потребни.

Одлучив дека....

....ќе престанам да црвенеам и да се срамам поради своите нокти

Испукани нокти се толку нормална појава. Секако дека овај недостаток ќе биде помалку очигледен доколку престанете да корисите темни лакови за нокти. Изберете светли нијанси. Боја која ќе биде приближна на вашиот тен, или некое време паузирајте од лакирање и користете пилинг за раце. Побарајте препарат на база на масло кое ќе Ви ги омекне заноктиците и ќе Ви го врати сјајот и мазноста на ноктите.

Одлучив дека...

....ќе го елиминирам стресот од мојот живот

Признавам дека ова е навистина амбициозен подвиг, но затоа прв чекор за негово остварување е длабоко дишење за време на утринското туширање. Доколку си го дозволите овој “луксуз“ веднаш штом се разбудите ќе поттикнете две основни функции во процесот на опуштање: побавно дишење и работа на срцето, кои преставуваат основен “амортизер“ во сите дневни стресни ситуации. Исто така немојте да заборавите во текот на денот да правите кратки паузи за кои експертите тврдат дека се ефикасни исто како и техниките за релаксација (јога, медитација). Слушајте музика на својот МП3 плеер, испраќајте мејлови, прошетајте...правете го она што најмногу Ве опушта.

Одлучив дека...

....побрзо ќе ги вршам утринските подготовки за  работа

Утринското миење или обликување на косата често одзема многу време, па така претставува и причина за стрес. Ако никако не можете да се откажете од овој ритуал, може барем да го скратите со купување на добар фен, квалитетен препарат за обликување на косата, и секако со избор на практична фризура која лесно се одржува. Што се однесува до шминката, можеби е вистинско време да направите реорганизација на Вашиот несесер. Водечките визажисти сметаат дека секоја жена,  која држи до себе, во својот несесер задолжително треба да има: тонирана хидратантна крема за лице, руменило и сенка во облик на крема како и течен руж.

Одлучив дека....

....ќе се откажам од коњското опавче доколку не можам да ја “совладам“ косата

Во основа, коњското репче претставува, спасувачко решение кое често претставува и  единствено решение. Во ред, не е тоа толку страшно, но би било убаво доколку таквите “критични“ ситуации ги решите на друг начин. На пример  префрлете ја  косата преку глава и  испрскајте ја со лак за коса кој ќе го зголеми волуменот, а потоа исушете ја со фен. Исто така може да направите и лабава плетенка (посебно ќе биде ефектна доколку имате таласеста или кадрава коса).

Одлучив дека....

.....конечно ќе научам да се шминкам

Замаглениот поглед преставува исто што и “мало црно фустанче“. Без разлика на новите трендови овој стил на шминкање секогаш е шик. Најпрво исцртајте ги ивиците на горниот и долниот капак на окото со меко црно моливче. Ставете го апликаторот со сунѓерест дел во сива сенка и потоа со него поминете по должината на линијата која предходно ја исцртавте со црното моливче. Имајте во предвид дека потезот треба да го направите се до крајот на горниот и долниот дел на капакот. Потоа нанесете мала количина на  седефаста сенка , на горниот дел од капакот, непосредно под почетокот на образите, како и во внатрешните делови на окото. Завршете го шминкањето со слој до два маскара.

 Одлучив дека.....

.....повеќе ќе спијам....подобро ќе спијам

За да го подобрите квалитетот на Вашиот сон, за почеток пробајте да избегнувате консумирање на кафе или чај, после 5 часот попладне. Кофеинот се задржува неколку часа во организмот и предизвикува нервоза и вознемиреност. Уште една причина за лошиот сон може да биде и неприлагодениот душек на кој спиете. Новите, вештачки материјали од кои денес се прават душеците често акумулираат топлина, што може да доведе до прегревање на организмот, па така и до несоница. Кога станува збор за температура на телото, завршете ја фитнес програмата до 5 часот попладне, за да имате доволно време за разладување и спуштање на телесната температура на нивото кое е потребно за добар сон.

 Одлучив дека....

....ќе престанам да се грижам за работи кои не можам да ги променам

Веќе знаете за што станува збор: целулит, големина на порите, брчки, боја на очите, шанси да излезете со Brad Pitt или да станете милијардер. Направете си сами на себе услуга и зачувајте ја енергијата  за работи кои можете да ги контролирате.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
5
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
3
5 (Скриени)непријатели на кожата
Внимание!! Можеби ја мачите вашата кожа, а не сте свесни за тоа. Ослободете се од лошите навики – пробајте ги У&З решен...
3
Црно-бело издание на ѕвездите на ОСКАР 2012
Погледнете во каква облека зачекорија ѕвездите на црвениот тепих, на 84-то издание на ОСКАР
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?