|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Не земајте антибиотици без совет од лекар

www.rak.mk, 24.12.2011
Долго време се сметало дека антибиотиците лечат скоро сe, а денес нивното дејство е предмет на расправа.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Докторката Петра Ајлерц, специјалист по општа медицина од Диселдорф, потсетува дека овие лекови некогаш биле силно оружје против инфекциите, но дека во меѓувреме, поради нивното неконтролирано користење, тие станале неефикасни.

Бактериите стануваат отпорни на антибиотиците, што е тесно поврзано со нивната честа употреба. Тоа посебно се манифестира кај најраширените болести кој ги предизвикуваат микроорганизмите, како што се: воспалението на увото, воспалението на синусите или крајниците.

 

Прво откријте го причинителот

Пред да се спроведе антибиотска терапија, вели др. Ајлерц, треба да се направат лабораториски анализи на крвта и мокрачата, да се земе брис од грло и нос. На тој начин се открива видот на бактеријата, а потоа се прави антибиограм со кој се одредува и видот на антибиотикот кој треба да се земе. Антибиограмот покажува на кој антибиотик е конкретната бактерија осетлива и најдобро реагира.

Ако лекувањето мора веднаш да започне, бидејќи нема време да се чека на антибиограмот, лекарите обично препишуваат антибиотици со широк спектар на дејство. Но доколку со антибиограмот се открие дека применетиот антибиотик не е ефикасен, тој треба да се замени со друг, според резултатите добиени од антибиограмот.

Многу е важно препишаната антибиотска терапија да се спроведе до крај. Многу луѓе грешат и престануваат да ги земаат антибиотиците веднаш штом ќе се почувствуваат подобро. Ако пациентот ја прекине терапијата предвреме, или ако не се придржува на упатствата за употреба на лекот, поотпорните бактерии можат да преживеат и да станат отпорни на лекот.

 

Прифатете ја препораката на лекарот

Поради влијанието на храната на лекот, антибиотикот треба да се зема измеѓу оброци или еден час пред јадење.

Антибиотиците не би требало да се земаат со млеко и млечни производи, бидејќи калциумот од овие намирници се врзува за молекулите на антибиотикот и на тој начин ја намалува нивната ресорпција и до 80%. Најдобро е антибиотиците да се испијат со чаша обична вода.

Антибиотската терапија треба да се спроведе точно така како што лекарот ја препишал.

 

 

Извор: www.rak.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Коронавирус во вода – дали може да се зара...
Летето се ближи, па е разбирливо што многу родители се прашуваат како вирусот корона ќе се однесува во тој период. Амери...
4
Првите 40 дена со бебето: Разбивање на илу...
Во македонската култура, па и пошироко, често ќе слушнете за „првите 40 дена“ од животот на новороденчето, период кој е ...
3
Се за новите Evy baby пелени
Единствени пелени кои се потврдени од страна на мајките дека остануваат суви, со крем кој е одобрен од страна на Здруже...
3
Новороденче: 10 најчести прашања на родите...
Кога ќе се роди бебе, животот на младите родители се менува. Тие го сакаат само најдоброто за своето бебе, имаат илјада ...
3




Анкета

Посета на педијатар.
пеперутка16

Кога ќе се појават здравствени проблеми, што е првото нешто што го правите?

Веднаш одам на педијатар. (0%)

Ќе почекам ден-два. (0%)

Прво се консултирам со мајките на деца на слична возраст, па дури потоа со педијатарот. (0%)


Број на сите гласови: 0

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!