|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најден едвај ја преживеа тешката операција!

Редакција Рингераја, 28.6.2013
Најден, во текот на вчерашната операција на Клиниката за уво нос и грло, на секунда решил да здивне па така ги затворил очите и го изгубил здивот

image
/11


 

 

Најден, во текот на вчерашната операција на Клиниката за уво, нос и грло, на секунда решил да здивне, ги затворил очите и го изгубил здивот, како да сакал да заборави на ѕверствата што ги преживеал и тоа на само неколку часа откако се родил, како за секунда да сонувал убав детски сон, велат растреперени лекарите што вчера присуствувале на операцијата, пренесува „Дневник“.

„Го изгубивме! - помислив. Детето помодре, ние сите над него без здив бдеевме, но тој одеднаш силно ги отвори своите очиња: Еве сум, сакам да живеам!- како да рече. Му се врати бојата на лицето, а ние успеавме да завршиме една многу тешка и сложена операција - трахеотомија. Најден е чудо од дете, како лекар не можам да поверувам во неговата волја за живот, каков борец е тој, тоа дете е посебно, неверојатно храбро. Иако има само неколку месеци, ја издржа болката. Пред да го сретнам навистина не можев да разберам зошто толку многу јавноста сака да знае за ова дете, сега знам, Најден е чудо од дете“, вели Никола Николовски, директор на Клиниката за уво, нос и грло.

Тој вели дека состојбата на Најден до вчера била исклучително сериозна и поради посветеноста на тимот од детската клиника, тој е жив.

Николовски објасни дека операцијата на Најден ја направиле речиси во последен момент, станува збор за зафат на системот за дишење и системот за голтање, два многу важни фактора за да може да се живее.

Поради отсечениот јазик, ткивата околу него по природен пат почнале да се регенерираат, но, за жал, во случајот на Најден тоа не било на позитивен начин, туку тоа ќе го убиело. Работата тргнала на лошо. Ткивото почнало да го заробува неговото грло.

„Направивме исклучително тежок зафат. Сега Најден е стабилен, има можност самостојно да дише, а многу скоро ќе почне да се храни со помош на цевче. Најден пред себе има уште зафати, но пресадувањето на јазик ќе биде една од најсложените. Досега во светот на само две деца им била правена таква операција. Во контакт сме со врвни лекари од Лондон, Америка и Дубаи. Сите се заинтересирани за случајот на Најден. Сите толку многу сакаат Најден да успее, дури лекарите од Дубаи ни понудија тоа да го направат бесплатно. Овој тип на операции се речиси експериментални, бидејќи многу ретко се случува дете да остане без јазик“, вели Николовски.

Најден ќе остане на Клиниката за интензивна нега уште неколку дена, а потоа се очекува да го префрлат во неговата соба.

Директорката на детската клиника Аспазија Софијанова вели дека тим од лекари и сестри се постојано околу Најден.

„Ако кажам дека треперев за време на операцијата како за син што сум го родила, не знам дали некој ќе ми верува. Најден едноставно не освои, правиме се' што може тој да се извлече. Операцијата помина добро. Сега комплетно го средиве дишењето, да го средиме и голтањето и Најден ќе може малку да се одмори од лекари и од болници“, вели Софијанова.

Најден со месеци е главна тема на социјалните мрежи, на стотици Македонци кои слушнаа за неговата трагедија. Нема човек кој не се згрозува од чинот што Најден го преживеал, неговите најблиски му го исекле јазикот и го фрлиле во туѓ двор.

„Не можам да престанам да мислам на Најден. Не можам да замислам како неговите родители не посакале детето да им прооди, да каже првпат мама, да тргне на училиште и да донесе дома петка. Признавам дека кога моите две деца трчаат во паркот, си посакувам меѓу нив еден ден да е Најден“, вели една мајка на својот ФБ-профил.

Младите скопјани што неодамна пееја за Најден, вчера нестрпливо и со страв ги чекаа резултатите од операцијата. Но, како што велат, одвај чекаат на ова нивно пријателче да му купат играчки, а некои ветуваат и велосипед, само да порасне.

 

Извор: Tocka.com.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Рингераја времеплов
По што ќе ја паметиме годината која изминува?
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?