|      

Месечен циклус кај жената

Автор: Редакција Рингераја | 4.5.2010
image

Месечниот циклус на жената се мери од првиот ден на нејзината менструација до првиот ден на следната менструација. Кај повеќето жени, циклусот трае од 28 до 30 дена...

Месечниот циклус на жената се мери од првиот ден на нејзината менструација до првиот ден на следната менструација. Кај повеќето жени, циклусот трае од 28 до 30 дена и тоа се смета за нормална должина на циклусот, додека кај други жени тој трае подолго или пократко. Месечниот циклус може да се подели во 4 фази: менструален циклус, пред овулација, овулација и по овулација.

Менструален циклус е период, во кој доаѓа до исфрлање на неоплодените (изумрени) јајце клетки од претходниот циклус, заедно со слузта од матката. Тоа е период кој трае од 5 до 7 дена кога крвариме. Во тек на менструација, жената во просек губи од 10 до 80 мл. крв. Во оваа фаза, нивото на естроген е многу низок.

Фаза пред овулација (фоликуларна фаза) настапува кога хипоталамусот (кој е задолжен за одржување на хормоните во организмот) праќа порака на хипофизата, која почнува да лачи фоликостимулирачки хормон ( FSH ) . Овој хормон ги стимулира фоликулите да развиваат зрели јајце клетки, од кои само една ќе биде вистинска што ќе созрее во јајникот и ќе тргне по својот пат кон јајникот и матката. При процесот на созревање, фоликулите почнуваат да произведуваат естроген. Зголеменото ниво на естроген праќа порака на хипоталамусот и хипофизата, дека постои зрела јајце клетка, што доведува до лачење на лутенизираниот хормон (LH).

Помеѓу 24 и 36 часа од почетокот на лачењето на лутенизираниот хормон, зрелата јајце клетка се одвојува од јајникот и тргнува кон матката. Тоа е период на овулација. Во овој период шансите за зачнување се најголеми.

Во фазата по овулација (лутеална фаза), фоликулата од која настанала зрелата јајце клетка (corpus luteum ) почнува да лачи прогестерон, кој и помага во подготовка на матката за примање на оплодената јајце клетка. Прогестеронот се произведува 12 до 16 дена. Доколку дојде до оплодување,  прогестерон продолжува да се произведува, за да помогне во развивање на плодот во раната бременост, како и во подготвување на градите за правење млеко. Доколку не дојде до оплодување, нивото на хормонот почнува да опаѓа и околу 14 дена по овулацијата, изумрената јајце клетка заедно со слузта од матката се излачуваат низ вагинално крварење- менструација. Тогаш настанува нов месечен циклус.

За да ви помогнеме да ја препознаете секоја фаза од вашиот циклус, направивме табела со сите важни фактори и нивната промена во текот на еден циклус.

 Дел од циклусот

      Промени во телото на жената

Почеток на циклус

(менструација и веднаш по неа)

Менструално крварење, различни симптоми кои ја следат менструацијата (бокла во стомакот, грчеви, болка во грбот…)

промени по менструација :

Цервикална слуз
- сува, густа, матна, леплива не се растегнува, малку ја има

Грло на матката
- цврсто и суво на допир
- се наоѓа ниско во вагината (лесно се напипува)
- “влезот” во матката е непристапен

Базална температура
- нормална температура на вашето тело

Хормони
- ниско ниво на естроген
- лачење на фоликостимулирачки хормон  (FSH)

Пред овулација

(се приближуваат плодни денови)

Цервикална слуз
- како се приближува овулација, постанува влажна, бела, леплива
- лесно пука меѓу прсти

Грло на матката
- постанува меко и влажно на допир
- полека се повлекува длабоко во вагината
 
Базална температура
- почнува да расте
- се зголемува од 0,3 до 1 °C

Хормони
- зголемено производство на естроген
- лачење на лутенизирачкиот хормон (LH) почнува 24 до 36 часа пред овулација

овулација
(плодни денови)

Некои жени можат да почувствуваат овулација (болни гради, промена во расположение, зголемено либидо, блага болка во долниот дел на стомакот…)

Цервикална слуз
- количината се зголемува
- бистра,мазна и многу растеглива (како свежа белка од јајце)
- го олеснува движењето на сперматозоидите до матката

Грло на матката
- потполно меко и многу влажно на допир
- длабоко во вагината (тешко се напипува)
- “влезот” во матката е потполно прооден

Базална температура
- достигнува највисок степен
- се зголемува од  0,3 до 1 °C

По овулација

(од плодни денови до менструација)

Расположението се враќа во нормала,  организмот се подготвува за нов менструален циклус

Цервикална слуз
- количината се намалува, станува густа и леплива, како на почеток на циклусот  

 

              Грло на матката
- после 24 до 48 часа се враќа во положба како на почеток на циклусот

           Базална температура
- останува зголемена за 0,2 °C, се до следниот менструален циклус

              Хормони
- зголемено производство на прогестерон

- опаѓање на сите хормони пред почетокна менструалниот циклус

 

 Пред нови менструации:
некои жени имаат јаки пред-менструални симптоми- ПМС (грчеви болка во стомакот, болни гради, главоболка, промена на расположението, глад и потреба за слатки производи ) додека други не чувствуваат ама баш ништо

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Дополнителни информации
Посетете го нашиот Календар на овулација
И прочитајте повеќе за Следење на овулација и плодни денови

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



  • Снек бар од јатки

    Сиров,лесно калоричен десерт кој заситува доста.Идеален е за ужина на работа или училиште а може да го понесете и на пат. Децата пак,нема да можат да му одолеат

    Повеќе

Анкета

*Машко име*
Хепи мами

Ве молам да гласате за најубаво машко име според вас. Благодарам!

На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк