Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
1. Заборавате – Правите грешки сакајќи да станете контролор на секоја ситиуација. Во ред е – жив човек сте.
2. Спиење? – Можете да кажете збогум. И ако Вашите деца спијат по цела ноќ, Вие ќе морате да завршите се' што не сте успеале во текот на денот.
3. Заборавете на омилените серии – или на висење на Fox life цел ден. Кажете им збогум на Private practice, How I met your mother, Dr.House и Desperate housewifes. Инвестирајте во DVD-R и помирете се со фактот дека ќе ја гледате цела сезона одеднаш, кога децата ќе спијат.
4. Мозокот на мама – оди заедно со заборавност. Не помните многу, понекогаш не помните ништо – но не грижете се, на сите мајки им се случува тоа.
5. Инстикти – Кога ќе станете мајка, автоматски добивате мајчински инстикти. Вашиот “стомак” ќе донесе многу одлуки. Вашите природни мајчински инстикти Ви се единствената поткрепа.
6. Не се расправајте околу облеката – Престанете да гледате на семејството како на слатко колаче. Кога Вашиот 4-годишен син ќе одбере луд костим за семејната прошетка, не се борете – не ја добивате оваа битка.
7. Не носете бела облека – На крајот на денот ќе биде кафена.
8. Не купувајте тесна облека – Може да се расплачете кога ќе облечете тесна облека по породувањето. Оставете го тоа за подоцна.
9. Секогаш и на се има КРАЈ – кај децата има само крај на една фаза, но по неа следи друга. На крај ќе жалите што преминале во следната фаза.
10. Грижете се за себе – Ако тоа значи да се заклучите во бањата на 5 минути за да ги средите ноктите – направете го тоа, бидејќи на Вашите деца им е потребна мајка која личи на жена.
11. Никогаш не завршувате со перење – Посебно ако имате бебе, никогаш нема да и најдете крај на нечистата облека. Освен ако имате дадилка или сервис за перење.
12. Децата навистина брзо растат – Уживајте во секој момент од бременоста и мајчинството бидејќи за брзо време ќе мислите дека вчера го родивте својот 9-годишен син.
13. Слушајте – Вашиот третооделенец доаѓа дома со приказни кои не завршуваат, а Вашиот средношколец не Ви зборува. Уживајте во неговите приказни додека траат.
14. Љубов! – Кога децата ќе Ве гушнат и ќе кажат “Те сакам мамо”, ќе сфатите дека друго такво чувство не постои! Да, го сакате Вашиот сопруг и Вашите родители, но сета таа љубов е занемарлива во однос на љубовта која ја чувствувате кон децата. На крајот од денот, тие се оние кои секогаш ќе Ве сакаат.
15. Во ред е да скокате од среќа кога ќе отпатуваат до целта сами – Уживајте во овој момент што подолго можете.
11
9
8
6
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто не е доволна само љубовта за да успее врската?
Љубовта е прекрасен почеток. Создава привлечност, блискост и чувство д...
Иако изгледа мало и беспомошно, новороденчето доаѓа на свет со изненад...
Дали играта создава поуспешни ученици?
На прв поглед, играта во градинка може да изгледа како губење време, о...
Кога парот се соочува со потешкотии при зачнување, често првото прашањ...
Психички развој на бебето во мајчиниот стомак
Психичкиот развој на бебето започнува многу порано отколку што често м...
Влакна на градите.
пеперутка16
Дали имате влакна на градите? И како се справувате со нив... дали ве вознемируваат и дали ги отстранувате?